Ноле ѕвездаш во душа

САД му ги затвори вратите за турнирите во Индијан Велс и Мајами, ама во арената Александар Николиќ го пречекуваат како крал. Шоу правеа и навивачите и Ѓоковиќ со играчите.

Црвена Звезда славеше против Макаби со 84:77 и тоа за нив е четврта победа во низа во Евролигата.

Спектаклот во белградската арена беше уште поголем кога се појави Новак Ѓоковиќ, кој е страствен навивач на Звезда.

И покрај тоа доби забрана за патување на следните два тениски турнири поради тоа што не е вакциниран, Новак беше во елемент.

Триумфот го славеше заедно со играчите кои го повикаа на паркетот, а претходно му го дадоа и баскетот на кратко за да покаже што знае.

Голема благодарност добива за поддршката која им ја дава на кошаркарите.

11 март 2022 - 11:20