
Во ситуација кога Тер Штеген долги години е сигурен прв голман на Барса, а клубот секое лето наоѓа пристојна замена за клупа за резерви, младиот Ињаки Пења не доби шанса да покаже колку добар голман е.
Тренерот Чави решил да го прати Ињаки на позајмица, за да овој брани повеќе во најдобрите години и еден ден да се врати како зрел голман во Каталонија.
А фудбалската судбина сакаше уште еден врвен тренер од системот на Барселона, Доменек Торент Фонт (му беше асистент на Пеп Гвардиола во Барса, Баерн Минхен и Сити) да го преземе Галатасарај. И една од првите работи што ги направил е да го доведе резервниот голман во Истанбул. И не погреши.
На мечот од 1/8 финале Барса - Галатасарај, Ињаки Пења бранеше одлично и тој е најзаслужен што Турците непоразени си заминаа дома и што ќе го чекаат ривалот со големи амбиции во реваншот.
Во 26’ минута од мечот Пења со фантастична парада одбрани шут од слободен удар на Мемфис Депај. Пре крајот на првиот дел Ињаки одново реагираше со пантерски рефлекс и пак го спречи Холанѓанецот да го отвори резултатот.
Во 58’ минута Пења чудесно го сочува својот гол по обидот на Серхио Бускетс и до крајот бранеше маестрално. Оценка 10 за детето на Барса кое блесна токму против нив.
„Задоволен сум од мојот настап. Гледам поддршка од навивачите на Галатасарај. Не поддржуваат во најтешките ситуации и за мене тоа е многу важно“, рекол голманот после мечот.
Барса до синоќа постигна најмалку гол на дури 17 средби по ред. Последен пат не дале гол во декември лани.
ЧАВИ ГО ОЧЕКУВА ПЕЊА НАЗАД, ГО ПУШТИЛ ЗА ДА ГО ИСКАЛИ
Легендата на Барса и како играч и сега како тренер, Чави Ернандез многу го цени младиот голман Ињаки.
„За мене да го пратам Ињаки Пења на позајмица не беше лесно, но мораше да оди за да добие играчко време. Он е одличен голман и треба што повеќе да игра. Ињаки не се плашеше од ништо кога замина. Ни кажа дека едноставно сака да брани повеќе. Има се најдобро и сакаме еден ден да се врати во Барса и да биде дел од нашата екипа“, рекол Чави после мечот“.
А самиот Ињаки бил исто отворен:
„Имам договор со Барселона и отидов само за да играм повеќе. Сонувам да се вратам во Барса и сфаќам што треба да направам за тој сон. Спремен сум но и ако не се случи сега сум посветен само на Галатасарај“.
Директорот на скаут службата на Барса Јорди Кројф рекол: „Ињаки Пења ја мотивираше одбраната на својот тим и беше добар на голот. Ќе видиме дали ќе биде пак со нас од летово“, рекол Кројф.
Ињаки во 2018-та година и помогнал на младинската екипа на Барса да ја освои УЕФА младинската Лига на шампиони. Во тој турнир тогаш го сочувал голот против врсниците од ПСЖ, Атлетико Мадрид и Челси во финалето.
Ињаки Пења сега блесна на најголема сцена и најзаслужен е што турскиот клуб има многу активен резултат пред реваншот во Истанбул.