Хајдук и Динамо одиграа 0:0 во најголемото хрватско дерби пред преполниот стадион Пољуд на кој се создаде прекрасна атмосфера и заедно со Осијек и Ријека, дури четири екипи се во битка за титулата.
Поради безбедносни причини, гостинските навивачи по завршувањето на мечот биле задржани на стадион преку два часа, а Индекс пишува дека по крајот на последниот свиреж, Аријан Адеми ги воодушевил.
Иако не играше поради повреда, Адеми ги повикал сите играчи да одат и да ги поздрават навивачите, како и да им подарат дресови, а тоа било воодушевувачки за 1.500 навивачи кои допатувале од Загреб за да ги бодрат.
Играчите на Динамо го послушале капитенот и ги дале дресовите со кои го одиграле дербито, а со тоа усреќиле 20 навивачи кои си заминале дома со вреден сувенир.
Тоа е тој капитенски однос на Адеми кој уште еднаш покажа дека е класа лидер на оваа екипа на која и е верен 12 години.
Ако ова е едниот, сигурно се прашувате кој е другиот гест? Епа самото тоа што на дербито отпатувал повреден, чисто за да ги бодри колегите и да им даде поддршка уште во соблекувална.
Инаку и двете навивачки групи имаа спремено кореографија за дербито, а онаа на навивачите на Динамо беше посветена на Украина.
Адеми пред една недела го посети муралот кои му го направија навивачите на Динамо. Тој е најтрофеен играч во клупската историја со 19 трофеи, рекордер по бројот на настапи во европските натпреварувања и седми најдобар стрелец во историјата на Динамо.
Има статус на симбол на клубот и е прв активен играч на Динамо на кој му е направена ваква чест. Погледнете како го пречекаа.
Напад со камења и шишиња во автобусот со кој се возеа Адеми и Рики
Пред дербито во Сплит, Бед Блу Бојс ја обоиле ривиерата во сино, Торцида одговори