Offside

Втората вечер од 2. коло во Лига на шампиони донесе неверојатни резултати. Дерби дуели се играа во Рим и во Манчестер. Мурињо се врати на „Олимпико“ каде пред неколку години ја водеше Рома и со Реал направи сензационален пресврт. Домаќинот водеше 3-1 до самиот финиш а гостите од 83' до 90' минута дадоа три гола и славеа после пресврт.

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

По реакцијата на Министерството на Спорт, како и ФФМ која најави дисциплинска постапка, со реакција на видеото на ФК Вардар се јави и навивачката група на Пелистер. И тие со идентичен вулгарен наратив, како и желба за отцепување

Емотивно збогување со Антоан Гризман

Одигра 10 сезони во два наврати (2014-2019) и (2021-2026) и остави силен и неизбришлив белег со 204 гола и 100 асистенции. Освои Супер Куп на Шпанија и Супер Куп на Европа, како и Лига Европа, а одигра и едно финале во ЛШ. Тешко се раздвои со клубот, играчите и навивачите на последниот меч дома кој Атлетико го доби против Жирона со 1:0, токму со негова јубилејна асистенција. 35 годишниот Гризман од Мадрид се сели во САД.

После 56 години ја пронашол сликичката што му фалела во албум

Веќе почна манијата за собирање сликички за албумот Панини за Светско првенство а од Англија доаѓа прекрасна приказна во врска со ова убаво хоби.

Италијанска третолигашка кореографија од друга категорија

С како Салернитана, С како Салерно, С како Супермен. Три дена ја поставувале на трибина. Публика 25.000. Повод? Бараж натпревар за влез во Серија Б. Неверојатно. Па уште и криптонит го има. Какви махери.

Судија по грешка го сменил Нејмар, Бразилецот направи сцени

Сантос се спаси од испаѓање минатата сезона, а сезонава не се ништо подобри после 16 кола. Имаат 4 победи, 6 порази и 6 нерешени па се на 16-то место со 18 освоени бода. Синоќа изгубиле 0-3 од Коритиба. Линискиот судија кога најавил измена, четвртиот судија го кренал по грешка бројот на Нејмар, така било заведено а тој воопшто не требал да излезе од игра. Не можел да се врати па се нанервирал.

Баерн Минхен лудо посрамотен со инфилтрирани ривалски навивачи

Баерн Минхен традиционално ја прослави шампионската титула од Бундеслига на култниот плоштад Мариенплатц. Меѓу илјадници навивачи на Баварците се пикнале и неколку навивачи на градскиот ривал Минхен 1860. Им развиле и голем транспарент со натпис „СЕЉАЧИШТА И КУ'ВИНИ СИНОВИ“. На транспарентот со мали ситни бројки пишувало и 1860 чисто да се знае кој им го подметнал.

Кире Лазаров стана селектор рекордер

Македонската ракометна репрезентација ја растури Словачка во баражот за Светско. На гости со +7, дома +15. Кире ита напред со момците. „Мислам дека играчите растат во нашата лига. Презадоволен сум од пристапот“.

Србија изгина во Веспрем за пласман на Светско, Словенија појака од Црна Гора

Словенија по тeсниот триумф минатата недела во Подгорица 28-29, синоќа пак тешко извојува нова победа над Црна Гора 31-29 (17-14) и обезбеди пласман на Светско првенство. Најтешка задача имаше Србија која играше против силната Унгарија и со селекторот Раул Гонзалес успеа да слави во двомечот.

Групите се влечат во јуни, против кого може Македонија на СП 2027?

Ракометната селекција на Македонија успешно го заврши баражот за Светско првенство. На десеттото мундијалско учество македонските ракометари се пласираа по нов триумф над Словачка, откако во Скопје славеа убедливо 38-23. Сега со нетрпение ги очекуваат групите.

Македонија прослави уште еден голем пласман на Светско првенство!

Пред преполна сала во СЦ „Борис Трајковски“ најдобрите македонски ракометари ја совладаа Словачка убедливо 38:23 и после триумфот на гостински терен минатата недела, се пласираа на нов Мундијал 2027.

Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт

ФК Вардар е нов шампион на Македонија, а титулата доаѓа после цели 6 години пауза. Вардарци ја прославија еуфорично ама и недолично. Пееја навредливи песни за најголемиот ривал Пелистер од Битола, ја навредуваа Каролина Гочева без ама баш никаква основа. Притоа Миленко Неделковски се извини за тоа, но во истовреме навреди друга жена.

Големиот Пеп Гвардиола освои уште еден трофеј, Сити го совлада Челси за нов ФА Куп

На асистенција на Ерлинг Халанд, Антоан Семењо постигна маестрален погодок со петица, доволен за триумф од 1-0 на Манчестер Сити во финалето на ФА Купот на „Вембли“.

Белгискиот селектор не го викна на Светско златното дете на Ајакс

Французинот на клупата на Белгија Руди Гарсија го соопшти составот кој ќе го пријават во ФИФА за Светското првенство кое почнува во јуни. Тука се Кевин Де Брујне, Ромелу Лукаку и Тибо Куртоа, ама јавноста е шокирана зошто не е викнат најголемиот белгиски талент во моментов.

Нов подвиг на големиот Унаи Емери - со скромен буџет пак ја однесе Астон Вила во Лига на шампиони

Фудбалскиот клуб Астон Вила од Бирмингем и нејзините навивачи ги доживуваат најголемите радости во последните неколку децении. Под водство на шпанскиот стратег Унаи Емери ќе играат пак во Лига на шампиони. Втор пат во три години, а првиот пат стигнаа дури до четвртфинале на ЛШ каде за малку не го поминаа ПСЖ.

Чудесни потези на дебелиот Андерсон од Манчестер Јунајтед

Некогашниот бразилски фудбалер Андерсон кој освои и пехар во Лига на шампиони со Манчестер Јунајтед, сега понекогаш го викаат да игра за тимот на екс-Јунајтед пензионирани фудбалери. Уште го има дарот, некој би рекол и подобро игра сега на 100+ килограми отколку на времето.

Анкета на која и 15 секунди и беа многу

Се ближи 11 јуни, возбудата расте. Одиме со првите прогнози.

Репликата на Флик до Перез

Флорентино Перез имаше долга 90 минутна прес конференција, на која лут на долго и широко критикуваше и навредуваше новинари, потоа им се нафрли и на Ла Лига и Барселона. Ги обвини каталонците дека украле 7 титули. Го прашаа Ханси Флик за мислење.

Од втора лига, скопскиот гигант се издигна и стана шампион на Македонија

По долга и мачна сага до немање пари за превоз и вода, а камоли плати, Вардар се врати онаму каде што му е местото. На шампионскиот трон. Миленко најави премија за јунаците од 250.000 евра.

Одлична промоција и на Французите, ѕвезда на Реал не доби повик

По БиХ и Нов Зеланд, налетавме на трето промотивно видео за Мундијалот кој стартува за неполн месец. Се работи за селекцијата на Франција, вицепрвакот од 2022 и првакот од 2018-та. И тие се потрудиле да оставам впечаток. Забавно направено. Едуардо Камавинга не е во состав.

Тензични сцени на Бернабеу, навивачите не смејат да го критикуваат Перез

Флорентино Перез глуми ептен бос во Мадрид. Еден ден откако одржа скандалозен прес со обвинувања и навреди кон новинарите, остави нов уште полош впечаток. На мечот против Овиедо, додека тој се расправаше со навивачи, обезбедувањето отстрануваше банери со најнормални критички пораки, без никаква недозволена политичка или верска позадина. „Флорентино, виновен“ и „Флорентино, оди си веднаш“, гласеа паролите на навивачите кои не се согласуваат со неговата политика.

Улично тифо на сезоната

Ќе речеш Данска е ова, а главното навивање е во југот, кај што е поголем темпераментот. Ама види ги ти навивачите на Копенхаген пред синоќешното Куп финале против Митјиланд. Жар, сплотеност, синхронизација. Одлични.

Приказната за најбрзата жена во светот која на 19 години животот и го спасил гробар

На 16 години станува најбрзата жена во светот. На 19 години нејзиното тело било ставено во багажник и сметано за мртво. Ова е неверојатна приказна за Бети Робинсон. Олимписка шампионка која буквално се издигнала од гробот и се вратиле на тартанот.

Непријатна ситуација за Мбапе, доби свирежи на Бернабеу

Во Реал Мадрид не е добар амбиентот. Останаа без ниту еден трофеј, Валверде и Чуамени се испотепаа, а Перез одржа напната прес конференција. Во 36. коло го совладаа испаднатиот Овиедо со 2:0, но слушнете ја реакцијата на навивачите кога стрелецот Гонзало Гарсија го напушташе теренот, а потоа кога Мбапе влезе.