Емотивно збогување со Антоан Гризман

Одигра 10 сезони во два наврати (2014-2019) и (2021-2026) и остави силен и неизбришлив белег со 204 гола и 100 асистенции. Освои Супер Куп на Шпанија и Супер Куп на Европа, како и Лига Европа, а одигра и едно финале во ЛШ. Тешко се раздвои со клубот, играчите и навивачите на последниот меч дома кој Атлетико го доби против Жирона со 1:0, токму со негова јубилејна асистенција. 35 годишниот Гризман од Мадрид се сели во САД.

18 мај 2026 - 11:50