Извесен Стивен Батлер конечно ја пронашол сликичката која единствено му недостасувала во албумот за Светско првенство 1970.
Пред пет години Батлер се спремал да се сели, се пакувал и кога на таванот нашол одамна заборавена кутија. Во неа бил неговото школско капче, неколку тетратки, фотографии и во сето тоа - албумот Панини за Светско првенство 1970.
Кога почнал да го листа и носталгично да се враќа во времето, сфатил дека во албумот му фалела само една сликичка која никогаш не можел да ја најде. А сега кога конечно ја пронашол ја платил 150 фунти и конечно го собрал албумот. Тој сега вреди сигурно неколку илјади фунти но Стивен Батлер нема намера да го продава.
Во времето на Светско 1970 во Мексико Стивен имал 13 години. Фудбал тогаш се гледал на телевизија од Мексико каде Англија отишла да ја одбрани шампионската титула освоена четири години претхдоно. Татко му купил телевизор во боја.
„Беше во боја, во живо, на сосема друга страна на светот. Кога тато го купи колор телевизорот само чекав да почне распсустот“, вели Батлер.
Децении подоцна тој бил изненаден колку детаљи му останале во живо сеќавање. Се грижел како ќе ја издржи горештината, а додека ги листал албумот сега после толку години се присетил и на некој од неговите омилени играчи од тоа време - како Пеле.
Инаку ФИФА и Панини веќе го пуштија во продажба албумот за Светско кој поради проширениот Мундијал сега ќе има дури 980 сликички за лепење. Најмногу во историјата.
А ФИФА и Панини за последен пат соработуваат после децении убави албуми, затоа што Светската куќа на фудбалот сега потпишала договор со друга фирма, компанија од САД која ќе ги прави албумите за Светски првенства од 2030-та година.
А јунакот на приказнава вели дека тој не е страствен колекционер но дека би му било криво тој дел од историјата да го изгуби.
И почнал да бара на интернет, по друштвени мрежи каде има стотици групи за ова убаво хоби. Таму нашол лице кое ја продава сликичката што му фали. Истата ја платил 150 фунти и конечно го наполнил албумот.