Offside

Деца, едно време и ние игравме на Светско, ама со бившата држава која имаше состав за респект, со кој едвај на пенали излезе на крај една Аргентина во четвртфинале. Марадона промаши. Во осминафинале ни се падна Шпанија. Ја реши Драган Стојковиќ Пикси со две мајстории и конечен резултат 2:1. Никогаш недораскажана сторија е Југославија.

10 необични факти за чудото Бодо Глимт

Норвешкиот претставник во Лига на шампиони, малиот и симпатичен Бодо Глимт игра сезона од соништата која ќе се памети уште долго.

Последните 5 меча на Бодо

По Ајакс 1971/1972, Бодо Глимт е прва екипа во ЛШ со 4 победи по ред против екипи од топ 5 лигите во Европа. Неверојатен податок. Погледнете им ја серијава. Првенството им е на пауза. Играат само Европа, а таму мелат и со пласманот во осминафинале испишаа нова историја. Следен противник им е Манчестер Сити или Спортинг.

Дел Пјеро откри што е проблемот со италијанскиот фудбал

Легендарниот италијански фудбалер и волшебник на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро веќе некое време работи и како стручен коментар на натпреварите од Лига на шампиони. Водителката Кејт Абдо го праша што е работава со италијанските клубови, испаднаа од Лига на шампиони и се на праг од испаѓање речиси сите.

Gorenje го именува фудбалската легенда Лука Модриќ за бренд-амбасадор: Вистинската извонредност започнува дома

Gorenje, еден од водечките европски производители на апарати за домаќинство, со гордост објавува значаен договор за бренд-амбасадор со фудбалската икона Лука Модриќ. Ова партнерство обединува бренд што е синоним за извонредност во домот, со играч кој совршено ги отелотворува мајсторството, менталната цврстина и врвните достигнувања.

Луис Енрике најде ранец на прес-конференција: „Да не има бомба“?

ПСЖ вечерва игра реванш против Монако за пласман во осминафинале. Првиот натпревар го добија 2-3 на гости па сега им останува дома само да го заверат билетот за 1/8 финале. На прес пред овој натпревар шпанскиот тренер Луис Енрике нашол еден сокриен ранец зад бината па се пошегувал со асоцијација на бомба.

Го паметите ли Даглас Коста? Ене го игра во Кјево

Некогашниот врвен бразилски репрезентативец Даглас Коста блескаше во дресовите на Баерн Минхен, Јувентус, Гремио и Флуминенсе. Во јануари годинава потпишал договор со Кјево Верона во Серија Д (четврта лига во италијанската фудбалска пирамида). Има 35 години и ќе остане во Кјево да ја одржи формата пред да замине во богатиот Ал Итифак во ОАЕ.

A Интер против Бодо со Роналдо и Виери во напад?

Легендарниот тандем Виери - Роналдо се вклучи во живо од Меаца во студиото на Си-Би-Ес, а до нив беше и Дел Пјеро. Анри: Можеа вечерва да ве пуштат во напад. Виери: Стари сме веќе. Роналдо: Можеме да изиграме, ама само 5 минути. Баш му зборев на Бобо, погледни колку е голем теренот.

Норвешката шах - мат акција во 5 потези

Со Бодо Глимт нема играње сезонава. Веројатно многумина ги отпишаа и ги потценија дека можат да направат нешто во првата фаза од деби сезоната во ЛШ. Но тие не само што ја поминаа, туку и го елиминираа и фаворитот Интер во плејофот и сега се во топ 16. Погледнете го вториот гол. Ги решија фудбалски со четири додавања, а потоа прием и гол. Кај нив колективот е пред индивидуалноста.

Навивачи оставија измет пред тренинг центарот на Торино

Екипата на Торино сезонава е непрепознатлива со 13 порази и се наоѓа на 15-та позиција, на 3 бода до зоната на испаѓање. Навивачите бесот го истурија на необичен начин. Влезот пред тренинг центарот го натрупаа со измет.

Германците воодушевени, аплаудираа на атмосферата во Јане

Вардар го доби бундеслигаш Мелсунген со 37:33 во натпревар од главната групна фаза во Европската лига. Гостинските ракометари по сè изгледа беа сведоци на една од најубавите атмосфери видени на ракометен меч. Останаа во сала после поразот и им аплаудираа на Комитите.

Интер доби нова шлаканица, бајката Бодо Глимт продолжува

Сензацијата за сезоната 2025/2026 во Лига на шампиони се вика Бодо Глимт кој испиша нова историја со пласман во осминафинале. Норвешкиот првак кој доаѓа од градче со нешто над 40.000 жители го посрамоти Интер со втор триумф, овој на Меаца со конечни 1:2. Втора победа бележи и Њукасл над Карабах, а во во 16 одат и Баер и Атлетико.

ФИФА има ново правило за повредени играчи

Играчите кои ќе добијат третман од докторите и физиотерапевтите на терен, би можеле во иднина да мораат да останат надвор од теренот уште една минута, планира ФИФА во новото правило кое треба да се изгласа за некој ден.

Натчовечкиот режим на Мајк Тајсон

Тајсон не беше само спортист. Тој беше сила на природата изграден од болка, дисциплина и гнев. Помеѓу својата 17-та и 21-ва година, Мајк беше машина создадена за војна.

Можеш да допреш обрач?

Главен муабет пред да се игра баскет во маало беше дали можеш да допреш табла или обрач, зависи од возраста. Дечково е 175 см, односно 5 см е повисок од Меси. Да видиме тој што може и како ја сфаќа играта.

Конфузна сцена во Турција со две топки

Фенербахче и Касимпаша одиграа натпревар со драматична завршница кој заврши 1:1. Головите паднаа во 95-та и 101-ва минута. Ама пазете го моментов со две топки. Едната тргна да излегува ама имаше ефе и се врати во игра. За тоа време играч на Фенербахче изведе аут со друга топка. Судијата сепак ја призна првата.

Што ќе каже Роналдињо на ова?

Деон Хото од Намибија, кој игра за јужноафриканскиот клуб Орландо Пајратс извади посебен потег во игра еден на еден. Ова е друга димензија на дриблање. Лудница.

Топ во трета шпанска лига

Понтеведра и Луго одиграа 1-1 во 25. коло од шпанската трета лига а голем бод за гостите кои играа со играч помалку донесе 30-годишниот Аргентинец Николас Рениеро со топовски удар по средина од голот.

Асенсио со мајсторија во 95-та го фрли во транс цел стадион и пак не победија

Турска понеделничка драма во 23. коло во режија на Фенербахче и Касимпаша. Големиот фаворит одигра само 1:1 против гостинот кој се бори за опстанок и испушти шанса да се израмни со Галатасарај кој е прв на +2 бода. Марко Асенсио реагираше фантастично на волеј во 95-та минута, за израмнувањето стигна дури во 101-ва минута.

Голот на Шешко снимен од гостинска трибина

Словенечкиот центарфор станува златен џокер на Манчестер Јунајтед кој игра како препороден со новиот привремен тренер Мајкл Карик. Синоќа го совладаа Евертон на гости 0-1 а џокер како и против Фулам пред неколку дена беше Бенџамин Шешко.

Голман во Турција погоди галеб, па му правеа реанимација

Вештачката интелигенција (АИ) почна да ни ги буричка работите на интернет, па да се преиспитуваме. Ама ова е реална сцена и се случува во аматерски фудбал во Турција. Уште вакво нешто немавме видено на фудбалски натпревар. Изгледа го спасија.

3 во 1, акција на вечерта во НБА

Хјустон Рокетс игра во добра форма а тоа го докажа и синоќа со триумфот 125-105 над Јута Џез. Џабари Смит беше најефикасен кај „ракетите“ со 31 поен и девет скока. Амен Томпсон додаде 20 поени со седум скока и три асистенции, Кевин Дурент имаше 18 поени со 12 асистенции а Алперен Шенѓун 16 поени со по девет скока и асистенции.

Пенал каков што не се видел досега

Во Националната лига на Англија, петта лига во хиерархијата, на дуел меѓу Рочдејл и Скантроп кој завршил 1-1 се случил чуден настан. Рочдејл добил пенал, Емануел Дизерув тргнал да го изведе ама нешто се попишманил при залетот и се врати назад. Голманот си ја собра топката а судијата досуди дека играчот на Рочдејл играл со топката и свирна фаул за гостите.

Најјакиот гол со рака го има дадено Оливер Кан

Заборавете ја божјата рака на Марадона и сите други голови во фудбал постигнати со рака. Одиме во Бундеслигата, сезона 2000/2001. Баерн се обидува да се спаси од пораз од Ханза Рошток, ама очајно со помош на легендарниот Оливер Кан. Не паметиме некој друг голман да имал ваков обид и реализација. Па уште и се бунеа Куфур и Јанкер кај судијата за картонот. Комедии.

Директорот на ФБИ непримерно славел со хокеарите на САД

Четириесет и пет годишниот Кеш Пател, прв човек на ФБИ се гледа на едно видео како слави со златните олимпијци - хокеарите на САД кои во финалето ја совладаа фаворизираната Канада 2-1 после продолженија. Во САД медиумите го критикуваат Пател дека непримерено за првиот човек на една од најмоќните светски институции ја славел олимписката победа. Тој одговара дека бил во Италија службено и дека имал средби со италијански функционери и разговарал за меѓународна соработка во областа на кибер безбедноста.