Offside

Втората вечер од 2. коло во Лига на шампиони донесе неверојатни резултати. Дерби дуели се играа во Рим и во Манчестер. Мурињо се врати на „Олимпико“ каде пред неколку години ја водеше Рома и со Реал направи сензационален пресврт. Домаќинот водеше 3-1 до самиот финиш а гостите од 83' до 90' минута дадоа три гола и славеа после пресврт.

Јак фејк на Вемби

Сан Антонио ја доби Минесота со 126:97 и поведе со 3-2 во полуфиналето од Западната конференција. Вембанјама блесна со 27 поени, 17 скока, 5 асистенции и 3 блокади. Погледнете што му направи на Гоберт. Се изгуби човекот.

20 години од едно ремек дело на Џерард во финале

Ливерпул и Вест Хем на 13 мај 2006-та одиграа спектакуларно финале во ФА Куп кое заврши 3:3, па 3:1 на пенали за црвените. Џерард даде два гола, а потоа погоди од пенал. Беше прогласен за играч на мечот. Погледнете го овој проектил како од катапулт.

Бетис ја рокна химната на ЛШ, Иско плаче од радост

12 мај 2026 ќе остане датум за паметење во срцата на навивачите на Бетис. Заверија пласман во ЛШ по долга пауза од 21 година. Бетис го доби Елче со 2:1 и на две кола до крајот е математички петти на табела, коњак позиција со оглед на тоа што Шпанија од следната сезона ќе има пет претставници во елитата.

Ал Наср не ја прослави титулата, ја оплескаа со автогол во 98 минута

Роналдо, Жоао Феликс, Мане, Брозовиќ и бандата остана без шампионско славје откако одиграа 1:1 против Ал Хилал во 33. коло од дербито во Саудиска Арабија. Голманот Бенто направи аматерска грешка во финишот, но му посмета и еден од соиграчите. Ал-Наср се очекува да слави следното коло, бидејќи има 5 бода предност и еден натпревар до крај, додека Ал-Хилал има уште два.

Ноер и Меси не може да го искомбинираат ова

Едно од оние видеа, кои ако не снимала камера во моментот, никој не би поверувал.

Порака до македонските навивачи од Кузмановски и Лазаревски

Македонскиот ракомет блеска годиниве и на клупско и на репрезентативно ниво каде не се пропуштени Европски и Светски првенства во низа. За да така и остане, Македонија ќе мора да ја мине Словачка во баражот кој се игра прво на 14-ти мај во Прешов на гости, па потоа во Скопје во „Борис Трајковски“ од 19:00 часот.

Бугарска генијалност на двата гола

Некои фудбалски работи ги нема во прва лига.

Босанците скоцкале топ промотивно видео за Мундијалот

Селекцијата на БиХ која четири години после Македонија ја суреди Италија во бараж, на Светско стартува на 12 јуни против Канада. Патот до втората групна фаза ќе го продолжи против Швајцарија и Катар. Нека им со среќа. Ќе им посакаме во живо, на пријателска на стадионот Кошево во Сараево, на 29 мај.

Си беше еднаш еден Работнички

10 мај 2026 година, засекогаш ќе биде запаметен како најцрн ден во историјата на ФК Работнички. За „Херојот од Дебар Маало“, за клубот кој некогаш важеше за клуб со кој цела Македонија се гордееше, за клуб кој пред една – две децении беше фактор бр.1 во мак – фудбалот.

Ви текнува на Јоанис Бурусис? Ене го во четврта лига дава победнички поени

Легендарниот грчки центар Јоанис Бурусис кој пред пет години ја заврши богатата играчка кариера која му траеше цели 21 година, пред извесно време решил пак да се активира. Го облекол дресот на четвртолигашот Анагенезис од неговиот роден град Кардица. На последниот натпревар дал победнички кош, имал 21 поен, 15 скока и 4 асистенции за 25 минути на паркетот. Интересно играл со 39 степени температура и не се жалел.

Татко на сезоната

Во Бразил се негува традицијата на лепење сликички и покрај безобразноста на ФИФА и Панини да има милион репрезентации, играчи, страници во албумот. Човек кредит да земе за да го наполни до крај албумот. А еден татко решил да го воодушеви син му.

Нов јак гол на мајсторот за ножички Абел Ернандез

Во 15. коло од уругвајското првенство, трофејниот Пењарол го совладал Серо Ларго 2-3 на гости. Победничкиот гол во 87-ма минута го дал ветеранот, 35-годишниот Абел Ернандез со ножички. Овој фудбалер кој се прослави во Палермо а играше уште и за Хал Сити, ЦСКА Москва, Интернасионал, Флуминензе и други клубови, е играч со најмногу голови со ножички од Јужна Америка.

Левандовски и Шчесни направија пародија со Пољакот кој ги критикуваше

Двајцата полски членови на Барселона, за време на шампионската прослава го реметеа полскиот експерт и поранешен играч Јан Томашевски, повторувајќи ги неговите тези: „Роберт треба да ја напушти Барселона. Зошто? Затоа што не му додаваат. Јамал и Рафиња не го сакаат“. „Како може Шченсни така да седи на клупата? Срамота!“, коментираа од панорамскиот автобус.

Ламин Јамал мавташе со палестинско знаме на шампионска прослава

Барселона еуфорично ја прослави 29-та шампионска титула во Ла Лига. Играчите и стручниот штаб со отворен автобус во понеделникот попладне продефелираа низ градот. Во Барселона бил прав карневал. Ламин Јамал носел маица со натпис: „Фала ти Боже што не сум Мадридиста“ и мавтал со палестинско знаме.

Наполи го суредија со акробација во 91 минута

Наполи киксна дома со Болоња 2:3 и пропушти можност да им избега на конкурентите во битката за ЛШ. Ги реши Џонатан Роу со мајсторија во судиско. Убав гол даде и Бернандески. Елмас доби шанса на 15 минути до крај.

Мангупаријата на Дембеле прогласена за гол на сезоната во Франција

Лига 1 си ја заврши поштено работата околу изборот за најјак гол на сезоната 2025/2026. Актуелниот освојувач на Златната топка, Осман Дембеле им објасни многу убаво на цела одбрана на Лил со се голманот.

Снимка со Тонали од забавите со ескорт дами

Италијанците продолжуваат со истрагата за скандалот со фудбалери од Серија А кои користеле услуги на проститутки. Забавите се правеле во Милано. Се споменуваат имиња на 70 играчи. Сведок зборува дека ги видел Тонали, Донарума и еднаш Ибрахимовиќ. Почнаа да излегуваат и видеа.

Види го ти неранимајко голманот на ПСЖ

Матвеј Сафонов знае да се забавува, а со тоа и да ја одржува атмосферата на клупата на ПСЖ, кој се спрема да ја брани титулата во ЛШ.

На навивачите на Милан им прекипе, во 54 минута го напуштаа Сан Сиро

Милан влезе во криза во најважниот дел од сезоната. Примија 5 парчиња од Аталанта и Сасуоло. Им виси ЛШ.

Камп Ноу блесна на Ел класико како некогаш

После неколку години надвор од својот дом, Барселона сезонава конечно се врати на „Камп Ноу“. Реновиран, освежен, скоцкан и со зголемен капацитет кој сè уште не е пуштен во целост од безбедносни причини. За Ел класико со Реал Мадрид навивачите спремиле пригодна кореографија.

41 година од страшната фудбалска трагедија во Брадфорд

На 11-ти мај 1985-та година на стадионот Велеј Парејд се играл натпревар меѓу домашниот Брадфорд Сити и Линколн. Домаќините славеле пласман од трета во втора лига. Во 40' минута од натпреварот најверојатно поради фрлен неизгаснат отпушок долу под дрвената трибина, во неколку секунди избил страшен пожар а во само неколку минути се случила страшна и незапаметена трагедија.

Арда Туран го направи Шахтјор шампион, па доби кофа мраз на прослава

Во украинскиот фудбал ништо ново. Иако екипата на Полисја Житомир речиси цела година беше прва на табела и се надеваше на титула, на крајот силниот Шахтјор Доњец ја освои шампионската титула на убедлив начин. Во моментов на неколку кола пред крајот имаат 11 бода пред Полисја. Тренер им е Арда Туран кого играчите го полеаа со кофа мраз на прес-конференцијата.

Опасно по живот: навивачи на Арсенал фрлени по скали во Вест Хем

Пред повеќе од 60.000 гледачи мини градското дерби Вест Хем - Арсенал беше главен натпревар викендов во Премиер лигата. На домаќините им гори опасно под нозе зошто се на место кое ги води во мачната втора лига. На гостите им требаа три бода за да ја досонуваат титулата која ја чекаат од 2004-та година. Како капак на сè Арсенал победи со гол дури во 83' минута а на Вест Хем му беше поништен гол во 90+4' минута поради фаул. Тоа уште повеќе ги разгневи домашните навивачи.