Ви текнува на Јоанис Бурусис? Ене го во четврта лига дава победнички поени

Легендарниот грчки центар Јоанис Бурусис кој пред пет години ја заврши богатата играчка кариера која му траеше цели 21 година, пред извесно време решил пак да се активира. Го облекол дресот на четвртолигашот Анагенезис од неговиот роден град Кардица. На последниот натпревар дал победнички кош, имал 21 поен, 15 скока и 4 асистенции за 25 минути на паркетот. Интересно играл со 39 степени температура и не се жалел.

Јоанис Бурусис низ богатата кариера освојуваше пехари со АЕК Атина, Барселона, Олимпијакос, Армани Милано, Реал Мадрид, Басконија, Панатинаикос, Жежанг Гуангша, Гран Канарија, а играше и за Перистери.

Беше дел и од познатата тепачка на пријателскиот меч со Србија:

 

12 мај 2026 - 11:51