Offside

Во најдраматичната сезона во историјата на македонската ракометна Суперлига, Пелистер го совлада Вардар на гостински терен среде Скопје 30-32 (17-15) и ја освои шампионската титула во последното коло!

Тешка и невидена лакрдија во женскиот англиски фудбал

Налетавме на клип од мечот Ватфорд - Луис, жени. Ама излегоа три на крај, кој од кој почуден и нејасен. WTF?

Сантос направи екстра мотивирачко видео за Нејмар со гласот на Пеле

После импресионирачки 7 настапи и 1 гол, како и два танкери со пари, разгалената бразилска ѕвезда заминува од арапскиот свет и се враќа дома. Онаму каде што почна, каде што играше самба со топката, каде освојуваше трофеи и од каде го направи трансферот во Барселона. Сантос е синоним за Пеле, кој таму остана речиси цела кариера. Клубот со помош на вештачка интелигенција направи посебно видео со гласот на Пеле за да го мотивира Нејмар.

Азар со искрена исповед за неуспехот во Реал Мадрид

Верувале или не, Еден Азар беше член на големиот Реал Мадрид од 2019-та до 2023-та. Никој и никаде не памети некој негов блескав меч за „кралскиот клуб“ во толку долг период. Азар во своето време во Челси важеше во еден момент за најдобар играч на светот. Пеколен техничар, брз, динамичен, експлозивен.

Од таму шутирај колку сакаш

Аргентинскиот фудбал ни носи голчиште од необична или нетипична позиција. Го постигна Хамилтон Кампаз од Розарио. Скроз неочекуван шут за голманот.

Голман со кохонес

Во 4. коло од мексиканската Лига МХ Круз Азул на гости ја совлада Некакса со 1-3. На овој натпревар гостинскиот голман, Колумбиецот Кевин Милер имаше еден интересен мини соло продор.

И Франција во полуфинале после невозможен гол во последна секунда

Репрезентациите на Франција и Египет одиграа прекрасен натпревар со изобилство дуели, многу голема борба, и 67 гола. Египет имаше нерешено и продолженија во рака во последни секунди но Лука Карабатиќ погоди од пола терен на празен гол на 0,2 секунди пред крај и Французите обезбедија ново полуфинале на Светско првенство. 34:33.

Луда ракометна драма, Хрватска со гол во последна секунда во полуфинале

Еден од домаќините на Светското првенство 2025, Хрватска е прв полуфиналист откако вечерва во луд натпревар во загрепска Арена ја совлада Унгарија со гол во последната секунда. Унгарците имаа 4+ гола предност на пет минути пред крајот.

Старо, ама актуелно

Програма во живо. Никогаш не знаеш на што си.

Федерер vs Мареј, лудница од поен

Коментаторот: Треба да викнеме полиција, бидејќи има едни двајца кои треба да одат во затвор.

Прекинато големото израелско дерби

Натпреварот меѓу Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив во израелското првеснтво бил прекинат откако во 11' минута домашните навивачи фрлиле десетина бакљи на теренот а со една од нив го погодиле и сопствениот голман на Макаби Хаифа, Шариф Кајоф. Судијата после десетина минути решил да го продолжи натпреварот но на полувреме по лично барање на министерот за спорт натпреварот бил прекинат. Властите сега бараат од фудбалската федерација драконски казни за изгредниците и за клубовите како и затворање трибини на стадионот во Хаифа.

Најјакиот буцко-шутер и најсмешните коментари

Шутира со стил како Зидан, со фелш како Пирло, со чувство како Синиша Михајловиќ, со дарба како Жунињо.

Моментот со Гави кој го воодушеви тренерот Флик

Барселона во неделата вечер со 7-1 ја растури Валенсија и и нанесе тежок историски пораз во Ла Лига. При водство од 6-1 тренерот на Барса Ханси Флик реши да направи неколку измени и да ги одмори главните играчи. Од клупата за резерви го повика младиот Гави кој скоро се врати од повреда. Но детето на Барса побарал од Ханси Флик да му даде шанса на помладиот Пабло Торе кој не заиграл уште од ноември месец.

Кака раскажува анегдота од соблекувална со Роналдо и Анчелоти

Карло Анчелоти се обидел да го смири бразилскиот џагор во соблекувалната на Милан во пресрет на меч против Сиена. Роналдо поентирал.

Некој си поиграл јако со Аморим

За два месеци го остареа 10 години и со монтажава уште 10, тоа се 20. До толку ли ќе издржи овој човек во клубот кој важеше за великан?

Идеалниот играч по мерка на Икер Касиљас

Со многу сенс и без многу размислување, го скоцка на прва.

Неприкосновената навивачка култура во Германија со нови рекордни бројки

Што е тоа навика и традиција на одење на стадион? На пример ова: Германски второлигаш сезонава бележи поголема посетеност од Ливерпул, Арсенал, Атлетико Мадрид, како и од 16 германски прволигаши.

Дали Алкараз срамно го исмеваше Ѓоковиќ?

Новак Ѓоковиќ со 3-1 по сетови 4:6, 6:4: 6:3, 6:4 го разби шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија. После натпреварот се испостави дека Новак играл со многу незгодна повреда поради која предаде во полуфинале против Зверев после првиот сет. Сега се појави видео на кое се гледа како Алкараз кон својот тренер Давид Ферер го имитира Ѓоковиќ и го исмева со повредата.

Најбудалеста промоција на нов играч

Дваесет и четири годишниот бразилски репрезентативец Антони е најголемото разочарување во Манчестер Јунајте во последните децении. Клубот за него одвои повеќе од 100 милиони евра за да го доведе од Ајакс а тој не покажа ама баш ништо. Сега решија да го пратат во Бетис а шпанскиот клуб се решил да плаќа околу 75% од неговата плата во Јунајтед. Го претставија најглупо на свет.

Луда партија на Ентони Дејвис

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Шарлот Хорнетс 112:107 а на овој натпревар Ентони Дејвис одново докажа зошто важи за еден од најдобрите играчи во историјата на НБА. Дејвис постигна 42 поени (17/28 од игра и 8/10 слободни фрлања) и дури 23 скока. Ова е петти пат во кариерата на Ентони Дејвис тој да има 40+ поени и 20+ скока.

Вувузела падна од висина во Атланта, го извади Гобер од памет

Минесота Тимбервулвс славеше 100-92 против Атланта Хокс во натпревар во кој доминираа Ентони Едвардс со 23 поени, Џулиус Рандл со 20 поени и 8 скока и Руди Гобер со 18 поени и 10 скока. Токму високиот француски центар се извади од памет кога по еден напад од горе практично од кровот падна некој предмет налик на вувузела.

Сам си ја намести и домаќински ја дувна во гол

Голот на колото во Ла Лига падна понеделнички. Го постигна Пабло Дуран од Селта на гостувањето против Алавес за конечни 1:1. Со истата нога си ја намести, па ја опали.

Јокиќ со рекордни пет забивања стигна до нов трипл-дабл

Трикратниот МВП во НБА кој има и еден шампионски прстен продолжува да доминира во најдобрата светска лига. Во поразот на неговиот Денвер Нагетс од Чикаго Булс 129:121, Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл, шести на последните 7 натпревари.

Како го даде од таму?

Фенербахче го совлада Гезтепе со 3:2 и останува на -6 зад лидерот Галатасарај. Внимавајте добро на дрското голчиште на Огуз Ајдин, кој ја заби од многу тежок агол. На Твитер го нарекоа турскиот Герет Бејл.

Рубен Аморим: „Јунајтед во два месеци ме остаре“

По тешко извојуваната победа против Фулам 0:1 на гости со гол на стоперот Мартинез, новинарите му честитале 40-ти роденден на тренерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим. „Не е 40-ти. 50-ти роденден е, после два месеци во Ман. Јунајтед 50 се“.