Хаос во Колумбија, не помагаат ни 9 прстени полиција

Во рамки на 4. коло од второто по ранг натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес, на дуелот меѓу Индепендиенте Медељин и Фламенго уште на стартот домашните навивачи направиле голем хаос. Судијата ги однел играчите во соблекувална, го прекинал натпреварот поради дивеењето на навивачите.

Незадоволни од лошите резултати на Индепендиенте кој испаднал од борбата за титула во домашното првенство минатата недела, навивачите на клубот од Медељин запалиле многу пиротехника, направиле пожар на трибината, се тепале меѓу себе и со полицијата. Фрлале предмети на терен и направиле лом.

КОНМЕБОЛ сигурно на Фламенго ќе му ја додели службено победата а Индепендиенте ќе биде казнет. Судијата од Венецуела Хесус Валензуела решил да го прекине натпреварот а Бразилците не се чувствувале безбедни да го продолжат мечот и си заминале.

Колумбискиот клуб неодамна го сменил тренерот, а оставка дал еден од високите функционери. Се наоаѓаат во длабока криза. Полицијата посебно го опколила делот на стадионот каде биле сместени организирани навивачи. Наводно полицијата направила дури девет прстени на обезбедување но хулиганите и покрај тоа внеле еден тон пиротехника.

8 мај 2026 - 14:06