Вардар за пензија на Рингов му дал само топка, а Пикси му донел позлатена макета од Маракана
Во најновата епизода на подкастот Пресинг, Срѓан Ивановиќ како автор на биографијата „Фудбал под сенка“, објавена постхумно за легендарниот Васил Рингов, раскажува како Црвена Ѕвезда покажала поголема почит кон Рингов кога тој ја завршувал кариерата и покрај тоа што никогаш не играл за нив.