Барселона со два прекрасни гола го урна Реал Мадрид и ја освои титулата!

Барселона стигна до 29 шампионска титула во шпанска Ла Лига, откако синоќа во Ел класико го совлада најголемиот ривал Реал Мадрид на својот „Камп Ноу“.

Во рамките на 35. коло од Ла Лига екипата на Ханси Флик, тренерот на Барселона чиј татко почина утрото во недела, славеше 2-0 со головите на Маркус Рашфорд и Феран Торес.

Барса во моментов има 91 бод пред Реал Мадрид кој има 77 и титулата е практично и математички обезбедена од Каталонците. 14 бода предност на три кола пред крајот на сезоната.

Барса ја слаи 29-та титула во своајта историја а ова е практично одбрана на шампионскиот трофеј освоен лани.

Реал Мадрид останува на 36 освоени шампионски титули. 

Реал играше без своите стандардни првотимци Килијан Мбапе, Едер Милитао, Дин Хејсенс, Федерико Валверде и Арда Ѓулер па „кралевите“ како однапред да се помирија со исходот на „Камп Ноу“.

Барселона од друга страна играше без повредениот Ламин Јамал а Бразилецот Рафиња влезе во вториот дел. Ханси Флик не ризикуваше со младиот Руни Бардагџи и од почеток го стави искусниот Маркус Рашфорд кој му врати со прекрасен еврогол од слободен удар.

Во одбраната не почна Жил Кунде туку Ерик Гарсија кој беше еден од најдобрите поединци на дуелот.

 

11 мај 2026 - 08:46