Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

По Ѓоковиќ и Алкараз елиминиран во Шангај

13 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Настапот на Карлос Алкараз на мастерсот во Шангај заврши уште во третото коло, откако Зизу Бергс приреди сензација и победи со 7-5, 7-6(4).
  • Шпанецот пристигна во Шангај со големи очекувања, особено по освојувањето на титулата на турнирот од серијата АТП 500 во Токио, успех што наговестуваше враќање во врвна форма по повредата.
  • Сепак, белгискиот тенисер му приреди непријатно изненадување, прекинувајќи го неговиот поход во раната фаза од турнирот. 
  • Во Шангај се случи вистинска сеча на фаворитите. Пред Алкараз, елиминиран беше и Новак Ѓоковиќ кој штотуку го имаше освоено трофејот во Пекинг, додека Бен Шелтон, Флавио Коболи, Френсис Тиафо, Тејлор Фриц, Брендон Накашима и Лернер Тиен исто така рано го завршија своето учество.
извор

Гигантот се буди: КК Работнички со максимален старт – сите пет победи

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Импресивната игра и петте стартни победи на лидерот и досега единствениот непоразен тим, Работнички во 35. прволигашко кошаркарско првенство, во МТЕЛ Супер Лигата, се неговиот најдобар клупски старт по пауза од девет години. Во таа сезона 2017/2018 тогаш исклучително моќниот Работнички, кој беше најмалку за класа подобар од конкурентите, го заврши регуларниот дел со импресивните и неповторливи максимални 22 победи.
  • Играта на сегашниов Работнички сè повеќе почнува да потсетува на славните времиња на (Годел, Фершпед) Работнички! Широк е фондот на квалитетни и за тимот мошне важни домашни кошаркари – такви се најмалку седуммина. Разновиден е начинот на игра, што го практикува шефот на стручниот штаб Владимир Мирковски, кој, помеѓу другото, одлично ја распоредува и минутажата. Темелот е цврстата и агресивна одбрана. Одлично се избрани и вкомпонирани исклучително квалитетните три странски засилувања кои се максимално подредени на тимот.
  • Дали стартов мириса на борба за шампионскиот пехар во за Работнички посебно убава година во која се прославува јубилејни 80 години постоење, во голема мера ќе покаже и градското дерби против МЗТ Скопје за неколку дена.
извор

Тепачка меѓу навивачи на МЗТ Скопје и Работнички, едно лице повредено

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Синоќа околу 19 часот пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде КК Работнички играше против КК Скопје, додека навивачите на клубот од „Градски парк“ чекале да влезат во салата, со факели и други предмети биле нападнати од навивачи на МЗТ Скопје од групата „Фемили Аеродром“.
  • Во физичката пресметка е повредено едно лице кое набрзо било префрлено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Едно лице било приведено.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина
5

Реметење билдери на отворено

Видео
6

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
7

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
8

Јаки духови, јаки расположенија

Разно
1

Врвно дерби на Милано со 4 гола, Милан го потопи Интер

Фудбал
2

Никаде во Европа нема ваква атмосфера на ракомет

Ракомет
3

Столе со една рака ја спаси Валенсија во судиско

Фудбал
4

Топ на Диоманде за најубав гол на Реал

Фудбал
5

Кошаркар на Широки Бријег џогирал во село, некој мислел дека е мигрант и го пријавил во полиција

Кошарка
6

Формула 1 го доби најмладиот шампион во историјата!

Разно
7

Дете што собира топки со мангупарија пред Волтемаде

Фудбал
8

Хари Кејн ја покажа Златната топка пред дербито со Борусија Дортмунд

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Најдобрата дефиниција за “добар човек“

Дуке, Крсте и Исмаил ви честитаат Нова година

Како да го прочитате "Хари Потер" за 77 минути?

Битките на еден спортски херој

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy