Минесота Тимбервулвс откако го исчисти фаворитот Денвер Нагетс на Јокиќ, сега го „тегне“ и Сан Антонио Спарс низ серијата која после 4 средби е 2:2.
Клучен момент од натпреварот во Минеаполис беше на почеток на втора четвртина кога Виктор Вембанхама намерно со лакт го удри Наз Рид и го заработи првото исклучување во неговата НБА кариера. Можно е Французинот со африканско потекло да биде суспендиран за овој скандал.
Ентони Едвардс, лидерот на Минесота Тибмервулвс уште еднаш покажа зошто е фантастичен играч. Блескаше со 36 поени од кои 16 во последната четвртина кога Минесота се извлече од негатива.
На 5:12 минути до крајот Едвардс погоди тројка и го најави пресвртот кога неговиот тим прејде во водство. Руди Гобер ја потврди одличната форма со 11 поени и 13 скока а Наз Рид придонесе во завршницата со важни поени, постигна 15 поени од клупата како резерва а имаше и 9 скока. Џејден Мекданиелс уфрли 14 поени а Џулиус Рендл додаде 12.
Сан Антонио Спарс како и во текот на целата сезона, покрај Вембанјама, се потпираше на Диерон Фокс и Дилан Харпер кои уфрлија по 24 поени а Стефон Касл додаде 20 поени. Сето тоа не беше доволно екипата од Тексас да стигне до нов триумф во Минеаполис па ја враќаат серијата дома со половичен учинок од претходните две гостувања.
Вембанјама го заврши дуелот со само четири поени и четири скока за 12 минути колку што помина на паркетот. Серијата сега оди во Сан Антонио во 5-ти натпревар а Минесота како да го има моментумот.