Лудило во Атина, гол во 90+3' минута за титула, Николиќ истуширан

АЕК Атина е шампион на Грција по 14-ти пат. Жолто-црните стигнаа до трофејот во последните секунди од дербито со Панатинаикос откако некогашниот фудбалер на Интер, Португалецот Жоао Марија на асистенција на Лука Јовиќ постигна гол за делириум на трибините во 90+3' минута.

Панатинаикос кој од клупата го води легендарниот Рафа Бенитез, поведе 0-1 во 63' минута преку Тете. Тоа беше студен туш за АЕК.

Но домаќините под голем притисок израмнија 1-1 преку Зите во 72-ра минута а Жоао Марио донесе историска победа за нова шампионска титула на АЕК Атина. Интересно и двајцата почнаа како резерви од клупата па влегоа во игра.

За тренер на годината во Грција е прогласен Марко Николиќ некогашниот стратег на белградски Партизан и Рад кој освојуваше титули и во Унгарија со Видеотон а освои трофеј и со руските Локомотив Москва и ЦСКА Москва.

Играчите на АЕК на прес-конференција го истушираа тренерот Марко Николиќ кој беше полеан со вода и шампањ. 

 

11 мај 2026 - 09:37