Нов јак гол на мајсторот за ножички Абел Ернандез

Во 15. коло од уругвајското првенство, трофејниот Пењарол го совладал Серо Ларго 2-3 на гости. Победничкиот гол во 87-ма минута го дал ветеранот, 35-годишниот Абел Ернандез со ножички. Овој фудбалер кој се прослави во Палермо а играше уште и за Хал Сити, ЦСКА Москва, Интернасионал, Флуминензе и други клубови, е играч со најмногу голови со ножички од Јужна Америка.

Во 2023-та тој постигна гол со спектакуларни ножички и беше меѓу главните кандидати за наградата „Пушкаш“ за гол на годината:

На времето даде еврогол и за Хал против Лестер Сити на деби во англискиот фудбал:

12 мај 2026 - 10:18