Offside

10 мај 2026 година, засекогаш ќе биде запаметен како најцрн ден во историјата на ФК Работнички. За „Херојот од Дебар Маало“, за клубот кој некогаш важеше за клуб со кој цела Македонија се гордееше, за клуб кој пред една – две децении беше фактор бр.1 во мак – фудбалот.

Како судија решавал провокации на времето во Југославија?

Тузланскиот судија Бекир Кравиќ на дербито меѓу Жељезничар - Црвена Звезда во најдобрата лига на поранешна Југославија, му удрил глава на Среќко Илиќ од Жељо и за таков гест бил ригорозно казнет. Видеото стигнало и до една култна емисија во Британија - Saint & Greavsie каде Иан Џон и Џими Гривс коментираале поштапалици од фудбалски терени.

Голман па ова во второ одделение се учи, не на стари години

Во 11. коло од аргентинската Примера Дивизион, Годој Круз и Велез Сарсфилд одиграа 1-1. Домаќинот поведе по само 2' минути игра преку Пјер Бариос а најголем виновник за тоа е 33-годишниот голман на Велез Лукас Хојос кој направи невидена грешка.

Тренерот на Велез Сарсфилд помисли дека е бек па може да фаулира

Александер Медина, тренерот на аргентински Велез Сарсфилд како да подзаборави дека не е во теренот. Ама судијата набрзо го потсети по глупоста што ја направи врз фудбалерот на Годој Круз Максимо Пероне.

Бразилско освежување за Сон

Додека Тотенхем се спрема во Израел да одигра пријателска со Рома, бразилското трио Ришарлисон, Лукас Мура и Емерсон решија да го оладат Кореецот Сон.

Коментаторот на ЦСКА - Македонија ЃП не издржа да не вмеша политика

Македонија Ѓорче Петров ги заврши евро настапите откако синоќа во Софија со 4-0 загуби од повеќекратниот бугарски првак ЦСКА. При водство на домашниот состав од 1-0, пред крај на првиот дел бугарскиот коментатор на ТВ Диема не издржа да не вмеша политика и историја па тврдеше како Ѓорче Петров бил б'лгарин.

Дориев ли е, Гарет Бејл ли е?

Фудбалерите на тетовска Шкендија славеа со 3-1 против летонска Валмиера во реваншот од 2. квалификациско коло за пласман во Лига Конференции. Голот на македонскиот репрезентативец Љупче Дориев за 2-1 во 33' минута ќе конкурира за најубав гол во квалификациите на овој УЕФА турнир.

Бразилката што направи забава на тренинг на Челси

Жоржињо и Каи Хаверц против Тиаго Силва и неверојатно фудбалски спремната Наталија Гвитлер на партија сервис на маса, игра позната како Текбол. Да може човек цел да ги гледа.

Како Пеп ги острел играчите пред најголемите дерби дуели

Најдобриот тренер на денешницата има свои методи на работа за кои многу играчи рекле дена се најсовршени. Пеп Гвардиола минатата сезона пред големи дерби дуели ги мотивирал фудбалерите да гризат со топка и по топка.

Незапаметена срамота на екс-Ју клубови, сите испаднаа од анонимуси, келнери, шанкери

Второто квалификациско коло, раната фаза од европските квалификации значи и елиминација на дури 11 клубови од просторите на поранешна Југославија. Скоро сите од нив испаднаа од анонимни клубови кои не може да се најдат ни на мапа.

Се огласи Роналдо: „Само продолжете да лажете“

После повеќенеделен молк, Португалецот кој уште не е прибран во Манчестер Јунајтед и ги пропушти целите подготовки само затоа што наводно сака да замине, конечно се огласи.

Коке, да удриме едно селфи додека изведуваш корнер?

Атлетико Мадрид на Диего Симеоне со 0-4 ја победи Нумансија на пријателска средба пред почетокот на новата сезона во шпанска Примера. Лемар, Кореа, Кондогбија и Матеуш Куња ги дадоа головите ама најјак момент од мечот беше еден млад дечко кој тргна да прави селфи со Коке на сред корнер.

Кој ти вика дека од тука не можам да му дадам гол?

Во четвртфинале на Куп на Еквадор, Индепендиенте дел Ваје со 1-3 ја совлада Имбабура во луд натпревар со три црвени картони, гол во 90+7’ минута и гол во 90+15’ минута од длабоко судиско продолжение. И тоа какво голчиште! Од гол на гол буквално.

Младиот Словенец кој го зборува цела Европа, направи дар-мар против Ливерпул

Бенџамин Шешко има 17 години. Роден е во малото градче Радече во Словенија во 2003-та. Играл за матичниот клуб од местото каде е роден, па во Рудар Трбовље, Кршко и Домжале. Во јуни 2019-та богатиот Ред Бул Салцбург потпишува договор со него и го кали во филијалата Лиферинг.

Елмас има нов соиграч од Јужна Кореа кој направи шоу со песна на промоцијата

Ким Мин-џа е нов стопер во Наполи. Има 25 години, доаѓа како замена на карпата Кулибали кој отиде во Челси летово. Го викаат „Ѕверот“ а кариерата ја почнал во татковината Јужна Кореа. Во 2019-та оди во Кина каде игра за Пекинг Гуоан а во август 2021 го засили Фенербахче. После турскиот клуб доаѓа во Наполи за 18,05 милиони евра.

Брука во Торино, се степаа тренерот од Хрватска и спортскиот директор

Ивица Јуриќ, хрватскиот стратег кој неколку сезони по ред пристојно води разни италијански клубови а од 1 јули 2021-ва стана тренер на Торино, во средата бил нападнат од спортскиот директор на клубот на сред улица во Австрија каде клубот е на подготовки.

Навивачи на Фенербахче скандираа за Владимир Путин на меч против Динамо Киев

Навивачите на Фенербахче ги провоцираа симпатизерите, фудбалерите и стручниот штаб на украинскиот Динамо Киев во рамки од квалификациите за Лига на шампиони.

Таткото на тенискиот бисер Хамад раскажа како Новак Ѓоковиќ направил врвен гест

Деветнаесет годишниот Хамад Меџедовиќ во моментов важи за голем талент во Србија и пред неколку дена го освои првиот важен трофеј во кариерата, на турнир во Луденшајд (Германија). За Хамад јавноста дознава сега кога татко му откри колку многу им помогнал Новак Ѓоковиќ.

Аргентински Звоне Бобан

Прва, не втора, не трета, не селска лига. Прва аргентинска лига. По натпреварот меѓу Баракас Сентрал и Патронато кој завршил со победа на домаќините од 2-1, гостинските фудбалери со сета сила ѝ се пуштиле на полицијата незадоволни од, пази, судиски одлуки. А овие ни пендрак да извадат.

Гоче е великан: Серија А, Интер и УЕФА со честитки за роденденот на Пандев

Горан Пандев денес, на 27. јули полни 39 години (Гоче е роден во 1983-та). Неговиот роденден не го забораваат ниту Серија А, лига на која и даде толку многу, ниту Интер со кој Македонецот освои историска триплета под водство на Жозе Мурињо (Лига шампиони, скудето и Куп на Италија).

Старт без два грама памет на фудбал во Бразил

Шапекоенсе и Гремио одиграа без голови во средба од бразилска втора лига Серија Б а гостинскиот фудбалер Битело во 31’ минута доби директен црвен картон поради старт без памет.

Тоа е голман, ајде, се случува, другпат повнимателно

Во 1. коло од германската 3. лига, Вехен Визбаден поведе 1-0 против Борусија Дортмунд II преку Густаф Нилсон ама само благодарение на невниманието на гостинскиот голман Лука Унбенхаун кој погрешно разбрал една ситуација. Мислел дека судијата досудил прекин па ноншалантно си ја спушти топката. Ама налета Нилсон и го реши. До крајот гостите израмнија на 1-1 па извлекоа бод.

Дете на Шахтјор Доњецк се прослави со раскошен гол против Ајакс

Ајакс го победи украински Шахтјор Доњецк во склоп на подготовките на двата тима пред стартот на новата сезона. Домаќините победија 3-1 ама момент на мечот беше неверојатниот пробив на гостинскиот фудбалер, 21-годишниот Михаил Мудрик кој се прослави на славната „Јохан Кројф Арена“. Веќе за него се заинтересирале големи клубови кои се спремни да платат и 20 милиони евра на клубот од Доњецк кој со талентот има договор до 2026.

Навивачите на Шкупи одново ширеа омраза

Откако на првиот натпревар во Загреб навивачите на Динамо и на Шкупи, Бед Блу Бојс и Шверцери скандираа погрдно на сметка на Србите, иста сцена следуваше и на реваншот одигран во Скопје. И двата инциденти останаа незабележани од УЕФА, барем за сега.

Македонија Ѓорче од близу за бугарски медиум

Репортер на бугарскиот медиум Dsport.bg во вторникот бил во најавена посета на македонскиот европретставник Македонија Ѓорче Петров, ривал на ЦСКА Софија во квлаификации за Лига Конференции. Тренерот на Ѓорчепетровци, Муарем Бајрами како прав домаќин го прими гостинот и го прошета низ клупските простории.