Ѓоковиќ со силна емоција за ќерка му Тара

Откако го испраши домашниот тенисер и последната надеж на Австралијците на овогодинешниот Австралија Опен, Алекс Ди Минор, Новак Ѓоковиќ на теренот одговараше на прашања на водителот Џим Курије кој ги интервјуира тенисерите.

Меѓу бројните прашања, Ѓоковиќ одговараше и на едно за ќерка му Тара.

„Таа е слатко мало девојче, ме држи, како што велите, на земја и скромен. Ме фрла „на глава“ секој ден и кога и да ме погледне се чувствувам „разоружано“. Нејзниот поглед е најубавиот кој сум го доживеал во животот. Ми недостигаат многу“, изјави Ѓоковиќ на раб на солзи.

Новинарка на Еуроспорт го штипна Ѓоковиќ за да провери дали е човек

 

23 јануари 2023 - 14:53