Каква голчина падна во Шпанија, школски ножички за еврогол
Во шпанската втора лига Сегунда, Уеска и Овиедо ремизираа 1-1. Гостите поведоа во 39’ минута од пенал, а домашните израмнија по невозможните „маказици“ на Хорхе Пулидо. Ремек дело во стилот на Бразилецот Пеле.