Репрезентативец на САД направи најголема глупост на Светското ракометно првенство

Пол Скорупа е 23-годишен ракометар роден во Дизелдорф од мајка Американка, па настапува за репрезентацијата на САД која ја доживува втората фаза. За време на мечот кој САД го загубија 32:27 од Бахреин, Скорупа во еден дуел го гризеше за рака Хусеин Алсајад после што доби црвен па син картон. Црвениот значи исклучување до крај на средбата, а син картон значи постапка и пријава до дисциплинско тело кое одлучи тој да биде исфрлен од првенството.

20 јануари 2023 - 15:35