Борусија Дортмунд важи за расадник на таленти. После Ерлинг Халанд кого го продадоа за вреќи пари, сега на ред е англискиот репрезентативец, чудесниот Џуд Билингем кој го најдоа на само 16 години во Бирмингем. Веќе некое време Билингем е главен играч во тимот. Во неделата постигна гол, асистираше во триумфот 4:3 над Аугзбург а го имаше и дриблингот на мечот.
Белингем го бараат најголемите европски клубови, се споменува трансфер вреден и до 100 милиони евра, а наводно Реал Мадрид е најзагреан за неговите услуги.