Мбапе му даде пет гола на шестолигаш за кој игра водачот на навивачите на ПСЖ

Во Франција се одигра Куп натпревар во кој се случи една необична средба, можеби невидена во светот на фудбалот. Се судрија еден од најдобрите играчи на планетата против негов навивач кој внимавал да не го повреди.

ПСЖ го совлада Пај Де Касел со 7:0 во рамките на францускиот Куп и со тоа обезбеди пласман во 16 финале.

И покрај тоа што се работи за шестолигаш, Криштоф Галтие не излезе целосно со втор тим и реши во стартните 11 да ги стави Мбапе, Нејмар, Рамос, Навас и Солен.

Килијан Мбапе ја искористи лесната прилика да стане прв играч во историјата на ПСЖ со 5 гола. Во првиот дел постигна хет-трик за 11 минута, а другите два ги даде во второ. Меѓу стрелците се запишаа и Нејмар и Солер.

Големо внимание пред мечот привлече 34 годишниот Алексис Змијак, по професија електричар, капитен на гостинскиот тим, а истовремено и водач на навивачите на ПСЖ.

Дилемата му била следна:

„Ако Мбапе оди на гол, дали да му клизам или не? Дали да си кажам: ‘Чекај, треба да игра во Лига на шампиони против Баерн`. Немам стрес пред овој натпревар. Немаме што да изгубиме, тоа е средба на нашите животи, а за мене лично е супер што ќе се најдам во таква ситуација“.

Инаку за Пај Де Касел има самo пар реченици за Википедија. Се работи за нов клуб формиран во 2018-та со спојување на неколку помали локални клубови. Од оваа сезона се натпреварува во регионалната лига, која се смета за шести ранг.

Пред 10 дена го елиминираа четвртолигашот Васкехал на пенали и со тоа стигнаа до историски меч против францускиот првак.

Натпреварот морале да го играат во Ленс бидејќи нивниот стадион не ги исполнувал условите. 

24 јануари 2023 - 08:48