22 јануари 2023-та ќе остане запаметен како датум на кој Кристијано Роналдо ја почна неочекуваната ултра скапа арапска авантура за Ал Наср на Мрсол Парк.
Но тоа не е неговото прво појавување на овој стадион. На 22 декември 2019-та играше и едно финале пред околу 23.000 гледачи. Се работи за италијанскиот Супер Куп меѓу Јувентус и Лацио, кој го загуби со 1:3.
Роналдо го одигра цел натпревар, но не постигна гол. Стрелец за Јувентус беше Дибала, а за победничката екипа погодија Луис Алберто, Сенад Лулиќ и Данило Каталди.
Сари тогаш беше тренер на Јувентус, а Лацио го предводеше Симоне Инѕаги.
Тоа е 10-то загубено финале во славната кариера на Роналдо кој има 32 трофеи од кои еден со Спортинг, 10 со Манчестер Јунајтед, 16 со Реал Мадрид и 5 со Јувентус.
Освојувањето на саудиската лига со Ал Наср, за него ќе значи нов настап во Лигата на шампионите, но онаа азиската.