Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Нов ракометен дриблинг кој пројде глатко на фудбал

Во време на главен судија, лински судии, четврти судија и плус уште толку во ВАР собата, нешто чудно и необично се случува во последно време во фудбалот. И тоа седмицава до пенал и гол стаса, без никој да му го ускрати тоа забрането задоволство за време на дриблингот.

Полскиот Калински

71 годишниот коментатор Дариуш Шпаковски е бардот на спортското новинарство во Полска. Катар ќе му биде 12-ти Мундијал кој ќе го работи на лице место во својата богата кариера. Што нема видено човеков во живо, од Марадона до Мбапе.

Газета дело Спорт: Наречете го Елмасхелија и нема да се навреди

Елиф Елмас сезонава покажа голема професионалност и трпеливост на клупата за резервни играчи. Доби три шанси како стартер во Серија А и на сите три одговори со гол. 

Кансело го рецна Роналдо на тренинг

Селекцијата на Португалија ќе треба на терен да докаже против Гана, Уругвај и Јужна Кореја, дали е нарушена атмосферата во националниот тим со интервјуто на Роналдо. По видеото со Бруно Фернандеш, ова со Жоао Кансело како уште повеќе да го сугерира тоа.

Соопштение и повик од Вардар и Комити

Следната недела, на 23. ноември (среда) со почеток од 19:30 часот на „Тоше Проески Арена“ во Скопје, „црвено-црните“ ќе прослават 75 години од основање на ФК Вардар и 35 години од основање на навивачката група Комити. По повод големите јубилеи, Комити спремаат голем спектакл на пријателската со ФК Жељезничар од Сараево.

Тен Хаг го кажа своето за Кристијано Роналдо

Кога играч ќе ти каже дека не те почитува, а ти си тренер задолжен за добра атмосфера во тимот и резултати, тогаш нема зошто повеќе да го играш, па макар бил и Свети Роналдо.

Алегри исвиркан во Торино додека го гледал Ѓоковиќ

На мечот од првото коло меѓу Ѓоковиќ и Циципас на Завршниот мастерс во Торино каде играат најдобрите светски тенисери, режисерот во еден момент во кадар го даде тренерот на Јувентус, Макс Алегри. Го исвиркаа поединци. Дали навивачи на Торино дали на Јуве кој ќе го знае.

Кинез истрча маратон со цигара во уста цели 42 километри

Маратонците важат за едни од најздравите спортисти кои во пракса треба со чоколадо да берат памет, а не па со тутун. Чен не мисли така и ја тера по свое, ама не ги прекршува правилата.

Капитенот на Франција одби на Светско да носи лента во боите на виножито

Легендарниот голман Иго Лори (35) кој ќе брани на рекордно четврто Светско првенство за „триколорите“ (2010, 2014, 2018, 2022), отворено изјавил дека нема намера да носи капитенска лента во боите на виножитото како некаква поддршка на нарушените ЛГБТ права во Катар.

Грми новата реклама на адидас за Светско првенство

Договор со светски прославениот германски бренд имаат ѕвезди како Лионел Меси, Карим Бензема, Сон од Тотенхем, Серж Гнабри, Џуд Белингем, малиот Педри од Барселона, Рудигер и многу други. Во пресрет на Светското кое почнува на 20-ти ноември адидас развали со нив во нова реклама.

НБА оди во крајност, судија исклучи играч зошто прегласно ракоплеснал

Бостон Селтикс отидоа на 11 победи со триумфот 126-122 против Оклахома Сити Тандер. На овој меч најефикасен кај победникот беше Џејсон Тејтум со 27 поени, 10 скока и 1 асистенција. Но во вториот период, Тејтум ја доби најчудната техничка грешка од судија: зошто прегласно ракоплеснал после досуден фаул над него.

На Нејмар му фрлија топка со дрон од 35 метри за да ја прими

Уште не почнато Светското, а Бразилците веќе почнаа со шоу. Да, големата ѕвезда на ПСЖ и селекцијата на петкратниот светски првак ја прими од 35 метри, а колегите збеснаа. Бразил во Катар првата ја игра против Србија на 24 ноември.

Роналдо за Руни и Гери Невил, отворено во емисија

Кристијано Роналдо сезонава повеќе се тегне со управата и менаџерот на Манчестер Јунајтед отколку што игра фудбал. Направи неколку екцеси, скандалозно се однесува и прашање на време е кога ќе си оди од „Олд Трафорд“. Во големото интервју кај Пирс Морган распали по сите, од Тен Хаг до Глејзери, а го поткачи и Гери Невил кој долго го критикуваше сезонава.

Не баш топол поздрав на Бруно Фернандеш со Роналдо

На островот „гори“ после интервјуто на Роналдо кој се отвори против Манчестер Јунајтед, тренерот, управата...На неговиот клупски и репрезентативен колега очигледно не му е по ќеиф и ова видео на нивниот собир за Светско како да покажува дека не му ја дава поддршката. Бруно со кисела фаца, Кристијано збунет.

Јанис Адетокунбо за новото чудо од дете: „Спремете се, тој ќе биде нешто невидено“

Откако Леброн Џејмс кажа дека никогаш не видел такво нешто во својата кариера, а Ентони Дејвис исто зачудено потврди дека не му е верен младиот Французин Виктор Вембанјама, сега се огласи и Јанис Адетокумбо, грчката суперѕвезда и добитник на МВП наградата.

Транспарентот на сезоната во мак фудбалот го држат Камерунци

Анаел Нгоба игра за Тиквеш, а Марселин Кандо во Работнички. 

Кај го најдовте бе детево?

Успеа да му помогне на повредениот, колку што Италија успеа да се квалификува на Светско.

Роналдо се соочува со мега парична казна поради интервјуто во кое удри против Манчестер Јунајтед

Иако тоа требаше да биде кам бек кој ќе се памети и раскажува по убаво, сепак на Кристијано Роналдо му се ближи неславен крај на Олд Трафорд. „Во Манчестер Јунајтед како да застанало времето“, вели Португалецот.

Ѕверска партија на Жоел Ембид каква што НБА не гледа редовно

Филаделфија ’76 тесно со 105:98 ја совлада Јута Џез а лудачка партија на овој натпревар имал Камерунецот со 59 поени, 11 скока и 8 асистенции.

Македонски кошаркар му продаде чаирска финта на судија во Талјанд

Се работи за Ервин Цого, инаку поранешен играч на МЗТ Скопје, кој се натпреварува на 3x3 турнири. Откако судијата ја фрли паричката, нашиов го насмеа судијата, бидејќи му побара да ја сврти раката на другата страна, за неговата екипа да има предност. Клипот заврши на социјалните мрежи на ФИБА.

Што е со простачкиов тренд на Мбапе и Радоњиќ?

ПСЖ со 5-0 го згроми Оксер и ја одржа предноста од +5 бода зад второпласираниот Ленс кој игра неверојатна полусезона и има 11 победи од кои 5 по ред.

И Австралија да ти се прохулиганила

Во австралиската А-Лига веќе неколку години „големо дерби“ е мечот Сиднеј - Вестерн Сиднеј Вандеререс. Во последно време и тамошните навивачи почнаа да ги следат „трендовите“ од Европа, со по некои примеси од Балкан, па таа на дербито одиграно викендов, имало по некоја ситна трзавица.

Не е точно видеово, Видал никогаш не бил пијан

На 19 октомври Артуро Видал со Фламенго го освои Купот на Бразил, а 10 дена подоцна и Копа Либертадорес, најјакото натпреварување во Јужна Америка. И вие мислите дека ќе го отрезните?