Невиден бес на тенис, искрши три рекети за неколку секунди

Во фудбал и во кошарка често има закачки, пцовки, па и физички пресметки меѓу играчите, но кај одредени тенисери сè почесто се гледа необјаснив бес па страдаат рекети или некој друг предмет. Овојпат Русинот Александар Саша Бублик кој игра под знаме на Казахстан, на турнир во Монпеље искрши дури три рекети фрустриран што губеше од францускиот тенисер Грегуар Барер.

Французинот Грегуар Барер на крајот славеше 2-1 по сетови 6-4, 6-7, 7-6 и се пласираше во втората рунда. Ова беше воедно деветти пораз по ред на Бублик кој е 50. тенисер на АТП ранг листата, па можеби оттука доаѓа таа негова фрустрација.

9 февруари 2023 - 12:46