Како Мамиќ го открил Гвардиол и направил „лицитација“ меѓу Лидс и Лајпциг?
Со брат му ја врзале да игра во првиот тим на Динамо уште како тинејџер, а потоа преку син му договарал трансфер во Лидс. Но агентите влечеле повеќе накај Лајпциг за доброто на неговиот развој и покрај тоа што Англичаните нуделе 27 милиони евра. Кога Здравко Мамиќ го видел Јошко Гвардиол како игра на турнир на само 16 години, одма се фатил за телефон за да го прекомандува.
„Најдобрата цена секогаш се постигнува кога ќе се судрат два или повеќе клубови, а јас сум за тоа мајстор. Истото го направив за Модриќ кога за него ја судрив цела Англија“.