Offside

10 мај 2026 година, засекогаш ќе биде запаметен како најцрн ден во историјата на ФК Работнички. За „Херојот од Дебар Маало“, за клубот кој некогаш важеше за клуб со кој цела Македонија се гордееше, за клуб кој пред една – две децении беше фактор бр.1 во мак – фудбалот.

Еве сум на семафори, со Меси муабетиме

На некој навивач му се посреќило да стои кола до кола со Лионел Меси пред семафори во Париз. Ај тоа туку и имал к’смет најдобриот на сите времиња да му отвори прозор и да си помубаетат. „Те сакам од дното на душата. Фала ти што си Аргентинец“, му вика непознатиот минувач на Меси.

Златниот скок на Ивана Шпановиќ-Вулета за европска шампионска титула, Италија ниже злата

Српската атлетичарка Ивана Вулета (попозната со моминското презиме Шпановиќ) освои златен медал во скок во далечина. Ивана на култниот „Олимписки стадион“ во Минхен скокна 7.06 метри и убедливо стигна до златниот медал и титула европски шампион.

Атлетико Мадрид: Друг начин на живот

Атлетико Мадрид со многу емотивен трејлер го најавува документарецот кој се однесува на сезоната 2020/2021, кога дури во последното коло ја обезбедија титулата и покажаа дека Шпанија не е само Реал и Барселона. „Another way of living“ снимен во 6 епизоди ќе има премиера на 8 септември.

Вест Хем има нов миленик од Италија како на времето Ди Канио

Дваесет и три годишниот корпулентен шпиц на репрезентацијата на Италија, Џанлука Скамака (висок 195 см) летово за 36 милиони евра од Сасуоло дојде во Вест Хем и стана прв италијански шпиц после Ди Канио кој толку многу ги загреал навивачите. Во првиот меч од плејофот за пласман во Лига Конференции Скамака даде дебитантски гол.

Играч на Вест Хем од пола метро го промаши голот, ама ги погоди двете стативи

Вест Хем ја оправда фаворитската улога во првиот плеј оф меч од Конференциска лига против Виборг со победа од 3:1, ама како ли Џерод Боуен ќе се оправда за нереалново промашуваме пред гол? Уште 100 години да игра фудбал, нема да го повтори ова.

Голман промаши пенал, па одбрани пенал во тек на меч со Бока

Бока одигра 0-0 со Розарио Сентрал во аргентинската прва лига. Мечот го одбележија два промашени пенали и тоа двата во првиот дел. Прво домашниот голман Агустин Роси му одбрани пенал на колегата од Розарио голманот Гаспар Сервио во 12’ минута, за истиов да фати пенал на истекот од првиот дел.

Најсмешен коментар за Мегваер кај Илон Маск

Два збора на Твитер беа доволни Илон Маск да го распали цел Интернет. Напиша како го купува Манчестер Јунајтед и фрли во транс милиони навивачи на трофејниот клуб кои со децении мачно чекаат американските браќа Глејзери да си одат од клубот. Маск после изјавил дека се шегува и дека не го купува Ман. Јунајтед, а еден корисник му пиша интересен коментар.

Дончиќ и Драгиќ тренираа без раце со спуштен кош

И покрај тоа што ја бранат титулата на ЕП 2022, Словенците наоѓаат време и за релаксација на тренинзите пред Евробаскетот. Забавата ја предводи Лука Дончиќ.

Маленко: Од 2018 до 2021 државата и претседателот немаат дадено денар за Охридскиот маратон

Охридскиот пливачки маратон кога треба да прослави голем јубилеј од 60 години е под голем знак прашалник дали воопшто ќе се одржи поради блокираната сметката на Пливачка федерација на Македонија. Актуелниот претседател вели дека неговиот претходник Александар Маленко ја оставил федерацијата во долгови, а тој пак има своја верзија за проблемот.

Непознатата позадина на најнезгодната мајка во светот на фудбалот, менаџер на ѕвездата на Јувентус и ПСЖ

Вероника Рабио, мајката на Адриен (некогаш со татково презиме Провост) кој како адолесцент го зел презимето на мајка му, важи за најострата жена во светот на фудбалот. До скоро речиси малку луѓе знаеле зошто е толку заштитнички поставена во кариерата на својот син, францускиот репрезентативец и освојувач на Лига на нации, Адриен.

Остај ти Нуњез, ги виде ли Трент и Салах како дремнаа на сред терен

Ремито меѓу Ливерпул и Кристал Палас 1:1 на „Енфилд Роуд“ остана во сенка на црвениот картон на новото засилување Нуњез кој мошне неспортски, со глава намерно го удри гостинскиот стопер Андерсен. Но пред да почне натпреварот имаше уште една необична епизода.

Гол на вечерта од МЛС

Шарлот со 1-3 го растури Њујорк Сити во 25. коло од американската МЛС лига. И покрај тоа Њујорк Сити остана трет на табелата во Источна конференција со 42 бода и реални шанси да ја стигне првата Филаделфија. Единствениот гол на мечот за домаќините го даде Максим Шано, репрезентативец на Луксембург. Еврогол.

Јокиќ му одржа лекција на свој соиграч

Дејан Давидовац важи за многу благодарен кошаркар од задача. Добар поентер, одличен одбранбен играч, мирен, повлечен, пристоен. Но кога лекција држи двократниот најдобар играч во НБА (МВП), тогаш ќе слуша и ќе молчи. Така беше во продолженијата од пријателскиот меч Словенија - Србија во Љубљана кој го добија „змајчеки“ 97:92.

Тензично во Струга, Лазаров и Токсиќ на раб на тепачка

Тимот на Алкалоид предводен од селекторот на Македонија, Кире Лазаров загуби од Целје со 28:27, каде тренер е поранешниот член на Вардар Алем Токсиќ. И двајцата тренери добија црвени картони после една вербална војна на зборови со пцуење.

Нетфликс пушта документарец за лудиот трансфер на Фиго од Барса во Реал

Флорентино Перез, Хозе Веига, Жоан Гашпар, Пауло Футре и уште некои други личности меѓу кои и главниот јунак Луис Фиго се појавуваат во документарката на Нетфликс која ќе има премиера на 25 август. Документарецот го одработува најпроблематичниот трансфер на сите времиња: Фиго од Барса во Реал, кога го гаѓаа со свинска глава на „Камп Ноу“ на Ел Класико итн.

Нов лудачки филтер хара на интернет

Го сефтосаа на Хари Кејн кој го има по сите Твитер профили за фудбал.

Сензацијата на Чориќ против Надал во 4 минути

Само двајца тенисери во светот имаат позитивен биланс против Рафаел Надал на пет или повеќе меча. Првиот е Новак Ѓоковиќ (30:29), а од синоќа втор е Борна Чориќ (3:2).

Корнер во два потези и маестрален волеј на Кришито

Довчерашниот капитен на Џенова кој три сезони играше заедно со Пандев, им покажа на Канаѓаните како му работи левицата на 35 години. Торонто одигра 2:2 против Њу Ингланд Револушн, а головите за домаќините ги постигнаа Кришито и Бернардески од пенал. Фантастично го одбработија корнерот.

Најинтересните моменти од шоуто во Љубљана меѓу Дончиќ и Јокиќ

Најголемите балкански ѕвезди во НБА лигата и на пријателски натпревар блеснаа како подготовка за престојното Европско. Словенија беше подобра од Србија дури во продолженијата.

Видео и говор на Мурињо кое дури сега добива на тежина

Од играч кој беше меѓу топ5 во цела Премиер лига и кој растураше во Лига на шампиони и за репрезентацијата на Англија, Деле Али падна страшно во форма па не само што е резерва во Евертон туку се зборува и дека е на прагот од трансфер во турско првенство, со секоја чест за оваа богата Суперлига.

Во богатата колекција на Спалети доминираат дресовите од Тоти

Стратегот на Наполи и ги покажа дресовите на убавата водителка Дилета Леота и се пофали дека ги има сите верзии на дресови од легендарниот Франческо Тоти кој го смета за посебен и кој имаше можност да го тренира во периодот 2005 - 2009, а потоа и во неговата последна сезона (2016/2017) во кариерата. Во колекцијата го има и Пандев.

Го имаме најоткаченото реметење на голман

Ти мене ќе ме деконцентрираш кога изведувам пенал? Ела сега да ти кажам нешто.

За бизнисот со џорданки и заработката на Најк и Мајкл 1984 vs 2022

Тоа што легендата е во пензија едно 20 години, не менува ама баш ништо во касата на Најк, што значи по дифолт има многу пари и за Џордан. Односно сè повеќе и кај двете страни.

Тешко дека некогаш ќе се повтори миланско дерби со такви состави

Во тоа 24. коло од Серија А на 15 февруѕари 2009-та се судрија Интер и Милан во градското дерби кое никогаш претходно и никогаш после не видело такви состави. Трибините крцаа, прекрасни кореографии на двете страни а на терен страшни состави.