
Кога пред неколку сезони се појавија снажни хокеари од американската лига како на пауза пијат расол од тегли со кисели краставички, малку кој не поверува во вистината на бабиците кои даваа благослов за овој природен дар.
Спортистите кои се изложени на најголеми напори, посебно атлетичарите, ватерполистите и алпинистите, освежување на силите бараат во разни напитоци.
Во последно време популарно е мислењето дека солените (природни осолени) напитоци го покренуваат процесот на освежување на телото, а притоа и покренуваат рефлекс кој му говори на организмот да ги сопре грчевите.
Докторите велат дека околу 100 грама сок од кисели краставички содржи:
◦ 0,4г јаглехидрати
◦ 3% од дневните потреби за калиум
◦ 1-5% од дневните потреби за калциум
◦ 3% од дневните потреби за магнезиум
◦ 50-100% од дневните потреби за натриум
За тоа многу спортисти во последно време се решаваат за расол или течноста од теглата со кисели краставички.