А за победата над Фламенго, шеикот ќе ги злати со по 250.000 долари

Во полуфиналето на Светското клупско првенство кое има голема важност за ФИФА, клубот Ал Хилал од Саудиска Арабија направи првокласно чудо откако со 3:2 го победи шампионот на Бразил, Фламенго. Сега ги чека Реал Мадрид во финале.

Чуда се случуваат, а тоа во градот Тангер во Мароко го покажа Ал Хилал од Саудиска Арабија. 

Клубот од оваа земја поведе со 1:0 во 4’ минута против големиот фаворит Фламенго, но Бразилците израмнија во 20-та минута преку Педро. Во 48’ минута Жерсон направи пенал и доби директен црвен картон па Ал Хилал пак поведе со 2-1.

Иако беа со играч помалку, бразилските прваци тргнаа кон израмнување, но тоа ги чинеше многу и на другата страна Аргентинецот Луис Вието во 70’ минута зголеми на високи 3-1. Во самиот финиш во 91-ва минута Педро успеа само да го ублажи поразот на 3-2.

Ова е трет пат саудискиот клуб да се најде во полуфинале на Светско клупско првенство после 2019 и 2021 година.

Ал Хилал стана прв саудијски клуб во историјата кој влегол во финале на Светско клупско првенство а таму ги чека големиот Реал Мадрид. За овој историски успех секој играч ќе добиел по 250.000 долари од сопственикот на клубот, инаку роднина на кралот на Саудиска Арабија.

Толку ќе добијат и ако го совладаат Реал Мадрид во големото финале.

Тренер на Ал Хилал е Аргентинецот Рамон Дијаз а во составот се познати играчи како Нигериецот Идало, Луис Вието, Марега, Куељар. Лидер на тимот е Саудиецот Салем ел Давсари.

Досега на ФИФА Светските клупски првенства славеа само клубови од Европа и Јужна Америка. Ова е трет пат саудискиот клуб да се најде во полуфинале на Светско клупско првенство после 2019 и 2021 година. Интересно, Саудијците веќе се стигнати до 15. коло во своето домашно првенство, а Фламенго нема одиграно првенствен меч уште од пред крајот на Мундијалот.

8 февруари 2023 - 14:04