Атсу во неделата попладне постигнал победнички гол за неговиот тим во 90+8’ минута од слободен удар и бурно го прославил со тренерот Волкан Демирел, легендарен голман во турскиот фудбал.
После само неколку часа не ни претпоставувале што ќе ги снајде, а неколку турски градови беа погодени од страшен и разорен земјотрес кој урна многу згради, куќи, објекти и однесе илјадници животи.
Just see what 🇬🇭Christian Atsu's goal last night meant to his team.
— George Addo Jnr (@addojunr) February 6, 2023
Please find him,please🙏🏻🙏🏻🙏🏻 pic.twitter.com/1WLbPD3lyk
„Кристијан Атсу беше пронајден во урнатините со повреди. За жал, нашиот спортски директор Танер Савут е сè уште под рушевините. Хатаи е длабоко погоден. Одиме кон крајот на најопасните часови“, рекол член на управата на клубот Хатаиспор Мустафа Озат.
Во меѓувреме турските власти соопштија дека прогласуваат неколкудневна жалост и дека се откажани сите културни и спортски манифестации во земјата.