Трипл-дабл на Јокиќ за едно полувреме

Во вечерта кога Леброн Џејмс влезе во вечноста откако постигна 38 поени и се искачи на прво место на вечната листа најдобри стрелци во историјата на НБА, и Никола Јокиќ имаше нова партија за насловни страни.

Трипл-дабл учинокот често важеше за нешто недостижно во кошарката, па секој ваков учинок беше проследен со големи овации. Но со Никола Јокиќ трипл-даблот стана секојдневница.

Суперѕвездата на Денвер Нагетс синоќа уфрли 20 поени со 16 асистенции и 12 скока во триумфот на Денвер над Минесота 146:112.

Капитенот на српската репрезентација забележа трипл-дабл во едно полувреме, а неговите Нагетси броеа до 49 поени уште во првата четвртина.

„Неверојатно е дека имаше трипл-дабл во прво полувреме. Леброн тоа го прави благодарение на физикалиите, а Никола го прави сето тоа без физикалии но еднакво ефикасно“, не штедеше пофалби тренерот на Денвер Мајкл Мелоун.

Одлични во победата беа уште и Мајкл Портер кој беше најефикасен со 30 поени (19 во прва четвртина) а Арон Гордон додаде 24 поени зачинети со 8 асистенции. Словенецот Влатко Чанчар уфрли 12 а Кантевијус Колдвел-Поуп 11.

Кај Минесота Тимбервулвс Ентони Едвардс и Лука Гарза беа први стрелци со по 19 поени, а до 11 стигнаа Мет Рајан, Џош Миноти и Наз Рид.

Цела НБА е на нозе, Кралот Џејмс се искачи на тронот

8 февруари 2023 - 08:37