Историјата беше испишана на 10,9 секунди до крајот на третата четвртина кога Џејмс се крена на шут и го постигна 36-от поен на мечот против Оклахома Сити и со тоа стигна до бројка од 38.388 поени.
Официјалните лица одлучија да го прекинат мечот во негова чест, цела сала го поздрави со аплаузи и овации, а потоа следуваа честитки од неговата мајка, сопруга и децата.
Му честитаа и комесарот на НБА, Адам Силвер, како и Карим Абдул Џабар за кого Џејмс побара од публиката овации.
20 seasons.
— NBA (@NBA) February 8, 2023
1,410 games.
38,388 points.
One #ScoringKing pic.twitter.com/Z8gxCnBET5
„Сакам само да им се заблагодарам на сите поддржувачи на Лејкерси, Вие сте единствени“, рече Џејмс
„На сите што некогаш биле дел од оваа моја трка во последните 20 години, сакам само да кажам благодарам многу, бидејќи без вас, јас не би бил јас“.
Џејмс постигна уште 2 поени во четвртата четвртина во поразот од 133:130, но сепак ноќта му припадна нему.
The most points. Ever.#ScoringKing pic.twitter.com/RHvGfVThLv
— NBA (@NBA) February 8, 2023
На 38 годишната легенда кој сега има 38.390 поени и беа потребни помалку натпревари од легендарниот центар со очила, за да се најде на вечната листа на стрелци. 1.410 наспроти 1.560 на Џабар.
Соборувањето на рекордот е уште поимпресивно затоа што тој од неодамна стана и четврт најдобар асистент во НБА лигата.
Кариерата ја почна во 2003 година во Кливленд и освои четири НБА прстени, два со Мајами и по еден со Кливленд и Лејкерс.
EVERY ANGLE of the bucket that made LeBron James the NBA's all-time leading scorer 📽️#ScoringKing pic.twitter.com/BVUr9x78BH
— NBA (@NBA) February 8, 2023
LeBron soaks it all in ❤️#ScoringKing pic.twitter.com/BtLDCSeRVB
— NBA (@NBA) February 8, 2023
One photo, 76,777 points.
— NBA (@NBA) February 8, 2023
All time greatness. #ScoringKing pic.twitter.com/EJdWZTQZe6
An incredible moment between two of the all-time greats.#ScoringKing pic.twitter.com/q29c6PN8ND
— NBA (@NBA) February 8, 2023
The new #ScoringKing reflects back on a 3-year old with his hoop! pic.twitter.com/4UYK50hfg4
— NBA (@NBA) February 8, 2023