Какви две бомби на Хулк од слободен, голманот немаше шанса
Триесет и шест годишниот Хулк постигна два прекрасни гола на мечот меѓу неговиот Атлетико Минеиро и Демократ од државното првенство Минеиро. Хулк испрати две разорни бомби од преку 30 метри далечина. На крај неговиот Атлетико славеше 3-1, а за шпицот ова е веќе петти гол на три меча сезонава.