Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Бајката на тинејџерот кој по бегство од војна и ризикот да се откаже од фудбал, доби повик за Светско на 18 години

Роден е 2004-та во Египет, син на имигранти од Јужен Судан. Го посвои Австралија, а солидарноста на луѓето таму му дозволи и да игра и да блесне. Никогаш не е стартер, туку влегува и го менува текот на натпреварите. Тоа го забележаа и Чави и Њукасл.

Го видовте ли кошот на Теодосиќ од паркинг?

Кошаркарите на Виртус Болоња во големото италијанско евролигашко дерби на гости го совладаа силниот Милано со 64-59. Болоњезите до трет триумф во Евролига ги водеше Милош Теодосиќ со 15 поени од кои и еден луд кош

Една комична и несекојдневна епизода од НБА

Во вториот период од мечот Минесота Тимберволвс - Феникс Санс кој „сонцата“ на крај го добија 129-117, кошаркарот на Вулвс, Д’Анџело Расел заборавил да влезе во игра и ги оставил четворица соиграчи да се бркаат со петорката на Феникс. Додека се сети да влезе поради него примија тројка.

Два ефектни волеи во Германија

Во првата Бундеслига на мечот Келн - Баер Леверкузен (1:2), бекот Бено Шмиц го донесе домаќинот во водство во 30’ минута со прекрасен волеј, а сличен еврогол даде и Нилс Фролинг за голем златен бод за Ханза Рошток во 90+5’ минута за 1-1 против Нирнберг.

Туку вториов голман на Пеп да ти бил голманиште

Бразилецот Едерсон е неприкосновен на голот на Манчестер Сити веќе неколку сезони. По сè изгледа ќе брани и на Светско првенство. Но во Лига Купот на Англија како што е ред, менаџерите обично ставаат втор тим и резервисти во игра, па така шанса со Челси синоќа доби Стефан Ортега и ја искористи максимално.

Мајсторски голови на Џеко и Димарко

Болоња синоќа го налути Интер и откако поведе на Меаца за 50 минути прими 6 комада. Го издвојуваме волејот на Един Џеко и двата гола на Федерико Димарко.

Навивачите на Фрајбург го бојкотираа гостувањето против Лајпциг и го бодреа вториот тим во трета лига

Лајпциг останува најомразен германски клуб поради концептот кој се коси со она што е германска пракса, а тоа е клубовите да бидат на навивачите, а не на богаташите. На навивачите на Фрајбург не им се трошеше време во Лајпциг зад кој веќе неколку години стои моќната компанија Ред Бул, па се решија да му дадат поддршка на вториот тим во трета лига. Интересно "Scheiss Red Bull" (срање Ред Бул) им скандираа заедно со навивачите на Минхен 1860.

Ракометарките испратени со „Македонско девојче“

Женската ракометна репрезентација ги завршува настапите на ЕП, каде се врати по пауза од една деценија. Македонија како ракометна нација и даде достојна поддршка на сите три натпревари. На крајот девојките и навивачите пееја заедно како за финиш на ова убаво дружење.

Трет пораз на Македонија со многу подобра игра и реализација

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Романија со 23:31 во директниот дуел за пласман во следната фаза на ЕП.

Реакција на новинар кога слушна дека за Светско е повикан Дани Алвеш на 39 години

Во силната конкуренција за Бразил има плејада на јаки имиња и талентирани млади играчи, а селекторот Тите најде место и за Дани Алвеш, кој по кусиот кам бек во Барселона, направи трансфер во Мексико за да остане во играчки ритам за Мундијалот. Легендарниот бек од 2006-та игра за репрезентација и има 124 настапи. Наскоро ќе видиме дали со своето искуство ќе му се најде на Бразил.

Зад сцената на последниот меч на Пике

Требаше да му биде последен меч на Камп Ноу, но ова му е последен во кариерата, бидејќи поради црвениот вчера против Осасуна, нема да има право да настапи следно коло за Барса. Клупската камера вакви видеа прави само за легендите. Го снимаше уште кога влезе во кола за накај стадион. 615 средби, 30 трофеи. Жерар Пике.

Фудбалот е огледало на друштвото, во Чаир хаос на мечот Шкупи - Шкендија

Дербито меѓу Шкупи и Шкендија во четвртфиналето на Купот на Македонија имаше голем прекин уште во 8’ минута. Гостите поведоа преку репрезентативецот Дашмир Елези. Во моментот додека Тетовчани го прославуваа голот, домашните навивачи влегоа во терен и ги нападнаа со разни предмети и каменици.

Тренерот на Севиља: „Светското е таму поради пари, живееме во најглупава ера во историјата“

Медиуми од западната сфера непрекинато фрлаат со дрвја и камења по Катар за тоа што таму загинаа илјадници необезбедени, неосигурани, незаштитени и сиромашни работници од Филипини, Индонезија, Непал и други земји. Но веќе е доцна. Катар доби домаќинство уште пред 12 години. Не вчера.

Документарецот „Леле луѓе што направивме“ оди на Светско првенство во Милано

Најголемиот спортски репрезентативен успех на Македонија, преточен во документарен филм ќе се прикажува на меѓународна сцена, каде продефилирале ликови како Кројф, Шевченко, Барези, Канаваро, Тајсон...

Кавечи го гушна Алиоски и направи штос во стилот на Пујол

Не е за само наш Џани мајтапчија во Фенербахче. И Ирфан Кавечи го бива. Објави слика со македонскиот репрезентативец и се зезаше во стилот на Икер Касиљас и Карлос Пујол, за кои се направи драма дека се во врска.

17 од 26 фудбалери на Австралија на Светско се од други земји

Репрезентацијата на Австралија го продолжи континуитетот настапи на Светски првенства откако на пенали го совлада Перу во баражот. Според правилникот на ФИФА, „кенгурите“ го пратиле официјалниот список од 26 фудбалери колку што е максимум. Седумнаесет се доселеници или деца на доселеници од други земји.

Еднаш и на Баерн некој да им ја сокрие топката

Баварците го посипаа Вердер со 6 комада и само во првите 28 минути имаа постигнато 4 и плус Чупо Мотинг утна пенал. Она што може да го издвоиме од гостите е нивниот гол, единствен на средбата кој падна после акција ипол.

Голот на Рафиња со кореански коментатори

Пазете ги колку се јаки. Со викање, со страст и плус синхронизирани беа кога требаше да кулминираат. Замислете како би звучеле на гол на Кореа на Светско против Бразил.

Маестрална комбинација Де Јонг - Рафиња за голем пресврт и победа на Барселона

Момците на Чави одиграа херојска партија на гостувањето против Осасуна. На полувреме губеа 1:0 и беа еден час со играч помалку поради два жолти картони на Левандовски. Педри израмни на самиот старт на вториот дел, а Де Јонг и Рафиња во 85-та минута ги изрежираа асистенцијата и голот на колото за конечни 1:2.

Генијалните голови се кријат во петта лига

Каков Меси, Роналдо, Пеле, Марадона, Јохан Кројф или ова младиве Мбапе и Халанд. Ова што се случи во португалската петта лига е како на ФИФА 22. Следете го внимателно што ќе изрежира ликов.

Учиме странски јазици - како да кажеш „за мене едно пиво“

Фудбалската сезона во Шведска заврши а изненадно и неочекувано шампион стана Хакен кој убедливо ја освои титулата со 64 бода. Хамарби заврши трет и следна сезона ќе игра во Лига Конференции. Од таа причина навивачите на досетлив начин преку пароли учеа како на странски јазик да нарачаат пиво кога ќе одат во друга земја.

Голем шампион: Јосип Иличиќ се врати во Словенија, излекува депресија и здебелен дава голови

Словенечкиот ас кој се изнадава голови во Италија и во еврокуповите, помина тешки месеци во борба со депресија. На крајот се повлече од голема сцена и се врати во татковината каде игра со ќејф.

Лука со раме даде кош без коски

Неверојатниот Дончиќ и на 9-ти меч по ред во НБА од стартот на сезоната дава по 30+ поени и со тоа влезе на многу книги за рекорди во најдобрата лига. Единствено пред него таков учинок имал само легендарниот Вилт Чембрлејн кој на 23 средби по ред давал по најмалку 30 поени.