Хари Кејн - Еднаш топџија, засекогаш топџија

Арсенал го бележи првиот пораз во Премиер лига после оној од Манчестер Јунајтед на 4 септември. Но останува лидер на 5+ пред Сити и со меч помалку. Благодарам треба да му каже на Хари Кејн кој со погодок во 15-та минута ги реши граѓаните и испиша историја за Тотенхем.

Кејн го постигна голот број 267 за Тотенхем со што го мина Џими Грејвс со 266 погодоци. Во соблекувална доби повик од Антонио Конте кој отсуствуваше поради операција, а Кејн се пошегува со муабет дали на тренинзи може да дојдат дури во среда, по што другите урлаа и во контекст на муабетот бараа два слободни дена.

6 февруари 2023 - 08:26