Осимен погоди млада девојка, па се качи на трибина да се извини

Наполи со 0-3 ја растури Специја. Два гола постигна Виктор Осимен со што е убедливо прв стрелец во Серија А со 16 гола, а Наполитанците се убедливо први на табела. Интересно, на загревање пред мечот Нигериецот силно со топка погодил една девојка која стоела меѓу навивачите на домашниот тим зад голот. Тој веднаш притрчал, се качил и ѝ се извинил.

Нашиот Елмас влезе од клупа во 62’ минута и одигра добар меч до крајот. 

6 февруари 2023 - 08:37