Инаку на редовниот состанок на собранието на клубот, Црвена Ѕвезда донела едногласна одлука ВИП трибината на стадионот Рајко Митиќ или по старо Маракана, да се вика Михајловиќ.
„Потпретседателот на Управниот одбор, Јован Куле Аќимовиќ, на редовната четврта седница на Собранието на клубот, изнесе предлог за именување на ВИП западната трибина по Синиша Михајловиќ, што сите едногласно го прифатија. Освен мечот против Војводина кој се организира во негова чест и на овој начин ќе се оддаде вечно признание за нашиот Миха. Иако одигра само 90 натпревари во дресот на Ѕвезда, неговото име е запишано со златни букви во клупската историја, со оглед на тоа што се искачи на врвот на Европа и светот.
Но, тој не стана легенда на Ѕвезда само поради неговите играчки квалитети, туку и поради човечките. Миха никогаш не ја прекина врската со Црвена Ѕвезда и Србија и беше вечен амбасадор на нашиот клуб и нација. Секогаш гордо истакнуваше од каде доаѓа, дека припаѓа на Црвена Ѕвезда и Србија, а неговата трагична и прерана смрт несомнено влијаеше да влезе меѓу легендте“, гласи пораката на клубот.
Покана за мечот добило и семејството на Михајловиќ кое доби подарок.