Џамал Мусиала има 19 години. Роден е на 26. февруари 2003-та година во Штутгарт. Има и англиско потекло, едно време бил во академиите на Саутемптон и Челси. Во јули 2019-та доаѓа во Баерн Минхен кој за него плаќа 200.000 евра. Џамал Мусиала денес е прв шпиц на Баерн и на Германија, вреди 100 милиони евра и на 18 години има 19 гола на 27 натпревари сезонава во сите натпреварувања.
Баерн во неделата со 2-4 го совлада Волфсбург на гости. Водеа Баварците 0-3 по само 19’ минути игра а последниот гол за нив го даде Мусиала после продор во стилот на Меси.