
Ѕвездата на турската репрезентација, се огласил на апелите за помош од својата земја.
Тој решил сите свои најдрагоцени дресови кои ги добил досега во кариерата, да ги стави на аукција од чии средства ќе бидат помогнати погодените од разорните земјотреси во Турција.
Одличен потег кој наиде на воодушевување во пошироката јавност. Меѓу дресовите се и оние кои ги носеле Роналдо, Дибала, Бонучи и многу други ѕвезди.
Дваесет и четиригодишниот Мерих Демирал кој е роден во турскиот град Карамурсел, првпат заиграл фудбал во родниот клуб Идманјурдуспор.
Откако ловците на таленти на Фенербахче го препознале неговиот талент, тој во 2011-та се сели во Истанбул. Од 2016-та почнува неговата авантура, па тој оди во португалскиот анонимен клуб Алканенсе, па во Спортинг Б.
Се врати во својата татковина во 2018-та каде беше позајмен во Аланијаспор, а потоа оди во Италија. По сјајните партии за Сасуоло, Јувентус решава да го откупи неговиот договор но Демирал од 2019 до 2022 за бјанконерите одигра само 21 меч и постигна 1 гол затоа што го спречи тешката повреда кога скина лигаменти на коленото.
Позајмицата во Аталанта му се покажа како одличен потег зошто се врати во форма и сега редовно игра за тимот од Бергамо.