Фондацијата на Лионел Меси донирала 3,5 милиони евра за погодените од земјотресот

Фондот на најдобриот фудбалер на денешницата според многумина, Лионел Меси, одвоил 3,5 милиони евра за хуманитарна помош за подрачјата погодени во страшните земјотреси во Турција и Сирија.

Разорните земјотреси кои достигнаа сила од 7,8 степени се случиле после 4 часот наутро по локално време во понеделникот, со епицентар на 23 километри од Нурдаги, во провинцијата Газиантеп, на длабочина од 24,1 км.

По соопштение на турските медиуми, Меси побарал од својот фонд да испрати помош во местата погодени од земјотресите.

Повеќе од 20.000 луѓе загинаа во Турција и во Сирија по земјотресите кои се случија ноќта меѓу 5 и 6 февруари.

Како што соопштува Анадолу, во Турција од земјотресот биле повредени најмалку 70.000 лица, а повеќе од 30.000 се преселени од сиромашните региони во други подрачја.

Министерството за здравство на Сирија соопшти дека во провинциите Алепо, Латакија, Хама и Тартус загинале 1.347 лица а 2.295 биле повредени. Според податоците на граѓанската одбрана на Сирија, најмалку 1.970 лица загинале а повеќе од 2.950 биле повредени во регионите контролирани од опозицијата на северо запад од земјата.

10 февруари 2023 - 10:35