ФИФА ги објави претендентите за најубав гол во 2022-ра

Од повеќето кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ која ФИФА ја доделува за најубав гол на годината во светот на фудбалот, на крајот кругот се скрати на тројца номинирани. Меѓу нив е и полскиот фудбалер Марцин Олекси кому му е ампутирана едната нога и кој игра во првенство за хендикепирани лица.

Во трката учествуваа Марио Балотели (Аданаспор), Амандин Анри (женски фудбал - Олимпик Лион), Тео Ернандез (Милан), Алу Куол (Австралија), Килијан Мбапе (за гол за Франција), Франсиско Гонзалес Метили (Клуб Атлетико Сентрал Кордоба), Марцин Олекси (Варта Познањ), Салма Паралуело (Виљареал), Дмитри Паје (Олимпик Марсеј), Ришарлисон (Бразил), Алесиа Русо (Англија).

Во финалето влегоа Марцин Олекси од полскиот клуб Варта Познањ, Дмитри Паје за прекрасниот гол во 1/4 финале на Лига Конференции со ПАОК и Бразилецот Ришарлисон за дуелот со Србија на Светското првенство 2022.

Што се однесува до другите категории, номинирани се:

За најдобар тренер во 2022: Лионел Скалони (Аргентина), Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити)

За најдобар играч во 2022 номинирани се: Хулиан Алварез, Џуд Белингем, Карим Бензема, Кевин Де Брујне, Ерлинг Халанд, Ашраф Хакими, Роберт Левандовски, Садио Мане, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Лука Модриќ, Нејмар, Мохамед Салах, Винисиус Жуниор.

Речиси е извесно дека на крајот кругот ќе се стесни на Лионел Меси, Карим Бензема, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор. 

За најдобар голман во 2022 кандидати се: Алисон Бекер, Јасин Буно, Тибо Куртоа, Едерсон и Емилијано Мартинез.

Свечената церемонија за доделување на наградите за најдобрите во 2022 ќе се одржи на 27 февруари во седиштето на ФИФА во Цирих.

Останатите категории тука.

10 февруари 2023 - 13:02