Во голема, масивна трампа на играчи, неколку клубови во НБА ќе добијат нова слика.
Кевин Дурент, можеби најголемата ѕвезда во НБА оди во Феникс Санс каде сега се формира неверојатно трио Букер-Дурант-Пол.
Во големата размена на играчи, Лос Анџелес Лејкерс, Минесота Тимбервулвс и Јута Џез договорија сериозни промени.
Расел Вестбрук од ЛА Лејкерс оди во Јута Џез (постои варијанта дека ќе го откупел договорот и од „џезерите“ со цел да бара нова средина, но тоа е уште неизвесно. Во спротивна насока, во Лос Анџелес се враќа Дианџело Расел.
Минесота Тимбервулвс ги добива бековите Мајк Конли и Никил Александар-Вокер како и пикови на драфтот.
Од Јута, од Солт Лејкс Сити во Лејкерс доаѓаат уште и Малик Бизли и Џаред Вандербилт.
Јута Џез го доби Расел Вестбрук, Хуан Тоскано-Андерсон, Дамјан Џонс и заштитен пик за ЛА Лејкерс од првата рунда на драфтот 2027. Доколку пикот на Лејкерс не се пренесе во Јута Џез во 2027, ако падне во првите четири, веднаш се претвора во избор од втората рунда на истиот драфт.
Бруклин Нетс кој во само неколку дена остана без најголемите суперѕвезди Кајри Ирвинг и Кевин Дурент, сега ги добија Микел Бриџис, Камерон Џонсон, Џеј Краудер и дури четири пика од првата рунда.
Феникс Санс покрај Дурент ќе го добије и искусниот Ти-Џеј Ворен. Изненадувачки е овој потег на Бруклин Нетс кој повторно оди во реновирање и изградба на екипата која покажуваше знаци дека може да се бори за титула, но на крајот се испостави дека лошиот амбиент во целиот клуб го решаваат со ослободување од Ирвинг и Дурент.
Феникс Санс ќе биде дури четврти тим во кариерата на Кевин Дурент кој после Оклахома Сити Тандер (дебитираше за нив кога беа Сиетл Суперсоникс), Голден Стејт (со кој беше шампион со Стеф Кари и Клеј Томпсон) и Бруклин Нетс (поентерски најдобар, но незадоволен од внатрешните односи во клубот)
What the Lakers' new starting five could look like 👀 pic.twitter.com/H49XOFLLmf
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) February 9, 2023
Сите играчи биле навремено известени за трампата, освен наводно Расел Вестбрук кој се противел на размена во Јута Џез.
Ова е уште еден обид на ЛА Лејкерс да ј аизвадат сезоната зошто околу Леброн сега ќе бидат Расел, Бизли и Вандербилт кој би му помогнале на Џејмс во обидот да се обезбеди плејоф и понатамошна борба.
ЛА Лејкерс во моментов се на учинок 25-30, 13-ти се на Западот од 15 екипи и тешко да обезбедат макар бараж за плејоф.
Lakers got shooting, scoring and athletic wing. Wolves got a culture guy and a leader. Danny free’d up bread and got a pick. And Russ getting free! Hell of a move for everybody 💯 🎇
— Kevin Garnett (@KevinGarnett5KG) February 9, 2023
Дианџело Расел по вторпат се враќа во Лејкерс кој го избра како втор пик на драфтот во 2015-та. Играше две сезони во жолто-виолетовиот дрес пред да замине во Бруклин Нетс во јуни 2017-та. Во осум години во НБА, Дианџело Расел смени дури пет клуба.
Расел Вестбрук си оди од ЛА Лејкерс после две години. Тој беше еден од водечките стрелци во двете сезони но лошата комуникација со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис придонесе до тоа лани да го испуштат плејофот а тоа ги очекува и сезонава.
34-годишниот Вестбрук ќе игра во петти тим во својата кариера која ја одбележаа негови 11 години во Оклахома Сити Тандер во која блескаше и стигна дури и до МВП наградата во 2017.