Кајри Ирвинг уфрли 24 поени со 4 скока и 5 асистенции на своето деби и тоа против ЛА Клиперс на гости во „Крипто Арена“.
Далас ја прослави својата четврта победа на последните пет меча и сега сите го чекаат дебито на тандемот Дончиќ-Ирвинг кој би може да се случи најрано во петок или во сабота кога Маверикс играат два меча против Сакраменто Кингс.
Ирвинг после мечот срдечно се поздрави со некогашниот светски боксерски шампион Флојд Мејведер, со Лука Дончиќ и со газдата на Маверикс, Мајк Кјубан.