И Пирло активно помага во хуманитарните акции во Турција

Тренерот на турскиот суперлигаш Фатих Караѓумрук и еден од на времето најдобри европски фудбалери, Андреа Пирло активно помага на пунктовите каде се товари сета хуманитарна помош наменета за регионите погодени од разорни земјотреси.

Фудбалските стадиони и спортски сали ширум Турција служат како собирни центри на хуманитарната помош која продолжува потоа до погодените градови и села.

„Многу ми е жал за тоа што се случи, жал ми е за сите жртви. Се надевам дека можеме да дадеме придонес да им помогнеме да ја надминат оваа голема трагедија“, изјавил Пирло кој со својот тим во четвртокот помагале во товарање помош во камионите кои се упатиле кон тешко погодените подрачја.

10 февруари 2023 - 08:51