Offside

Пејсерси направија подвиг против Оклахома како фаворитот за титулата и се изборија за седми натпревар кој ќе се игра само 20-ти пати во историјата на НБА лигата.

Имаме топ засилување за Црна Гора, Митревски доби дозвола за настап

Само еден негативен тест го дели Никола Митревски од настап во 2. коло од Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Еден е Столе Стоилов

Легендарниот капитен на Вардар 1961 и двократен европски шампион синоќа на мечот со Словенија во рамките од 1. коло од групата А на Европското првенство се искачи на првото место на една вредна листа.

Елмас грубо спречен да даде гол во рапсодијата Наполи - Фиорентина

Седум гола, три црвени картони, продолженија, ревија убави голови, израмнување со 9 играчи во 90+5' минута. Елиф Елмас одигра цел меч во Купот на Италија каде неговиот Наполи дури после продолженијата изгуби 2-5 од Фиорентина. Македонскиот репрезентативец излезе пред чист празен гол ама Дронговски тешко го фаулираше.

И фалангата држи ниво

И покрај сите ограничувања како на пример 50% од капацитетот на салата, вакцини, скапи тестови, ладно време и 900 до 1.000 км пат, зависи кој од каде трга, сепак македонските навивачи се во добра бројка во Унгарија.

Дајте му МВП награда на Јанис пред време, да не се чека

Актуелниот шампион Милвоки Бакс го прегази Голден Стејт Вориорс 118-99. На полувреме Бакс водеа неверојатно 77-38, 39 разлика. Јанис Антетокумпо како да играше против мали деца.

Намалете со хејтот за Тале

И покрај неколкуте грешки, кои не ги правеше само тој, сепак Филип Талески одигра солидна партија против Словенија и редно време е, особено после ваква борбена партија на момците, малку да се намали тонот на плукање и да се стисне гасот на поддршка.

Дај друг дрес, земи од Мемфис - погодете кој прв дошол на акцијата

Откако за време на дербито Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс едно дете тргна да се поздрави со ѕвездата на Гризлис Џа Морант, кошаркарот го одби затоа што носел дрес од ривалот во нивна сала. После мечот понуди лично да му даде дрес од Мемфис.

Гавран прекина тениски меч во Австралија, па играч го гаѓаше со топче

Мечот меѓу Танасис Кокинакис и Александар Вукиќ на турнирот во Аделаиде беше прекинат во еден момент откако гавран непрекинато се огласуваше од под сводовите на трибините. Вукиќ беше деконцентриран да сервира, па го гаѓаше со топчето.

Такуми, каде гаѓаш таму?

Ливерпул и Арсенал го остварија најдосадниот резултат во првата полуфинална пресметка од Лига Купот, а најсериозната шанса на мечот ја имаше Такуми Минамино. И без голман на голот ја прати во топката во публика.

Официјално: Поништена е визата на Новак Ѓоковиќ

Неколку часа откако се стиши бурата околу најдобриот светски тенисер и властите во Австралија, денес стигнуваат нови вести од Мелбурн. Нималку пријатни за светскиот рекет број 1.

На НБА ѕвезда во празна сала му сметаше маскотата зошто му мавтала

Апсолутниот лидер и сериозен кандидат за титулата во НБА, Феникс Санс (31-9), многу тешко го совлада Торонто Репторс 99-95 на гости. Мечот го одбележа еден глуп момент од страна на главниот играч на „сонцата“

Навивачите на Милан за љубовта со Андриј Шевченко

Славниот напаѓач синоќа за прв пат стапна на Сан Сиро во улога на тренер и тоа токму против својот тим во кој го направи блесокот на кариерата. Го пречекаа со убави зборови.

Леао мајсторе сакаше да ја нафрлиш или?

Додека во Унгарија и Словачка синоќа почна турбо ракометната програма, во Купот на Италија се играа две осминафинални средби. И двете траеа по 120 минути, а елиминирани беа Елиф Елмас и Горан Пандев. Наполи - Фиорентина 2:5 и Милан - Џенова 3:1.

Турчинот Атаман направи скандал во салата на Барселона

Во текот на третиот период од дербито во Евролигата меѓу Барселона и Ефес, гостинскиот тренер Ергин Атаман доби исклучување од судиите ама долго време одбиваше да го напушти теренот. Прво се расправаше со судиите па со цела сала. Им го покажуваше пехарот кој лани Ефес го освои токму против Барса во големото финале.

Селекторот на Словенија малку на англиски малку на српски

Легендарниот Љубомир Врањеш од декември 2019 е селектор на Словенија. Вечерва на мечот со Македонија при првиот тајм-аут неочекувано зборуваше англиски, па сврте на српски јазик.

Атракција на вечерта, македонски специјалитет - цепелинот на Георгиевски до Кузмановски

Македонската ракометна репрезентација го загуби првиот меч на Европското првенство од Словенија 27:25, но младите ракометари во четата на Кирил Лазаров покажаа дека во нив има многу надеж за во иднина. Моментот на мечот беше цепелинот на Георгиевски и Кузмановски со кој го отворивме вториот дел.

Храбрата и борбена Македонија не успеа да избегне пораз од Словенија

Македонската репрезентација го отвори својот 7 настап на Европските првенства и го одигра 35 натпревар на континенталните собири. Ќе го паметиме по добра и борбена игра, но и болен пораз од фаворитот Словенија.

Очајни вести од Дебрецин, Кире Лазаров го пропушта цело Европско

По информацијата за петмина позитивни од Ковид, од кои во меѓувреме еден доби негативен вест, пристигнуваат тазе лоши вести пред првиот меч на ЕП.

Како игравме со Словенија низ годините?

Убава вест стигна попладнево, нашиот најдобар голман Никола Митревски е негативен на последниот тест и ќе може да отпатува во Унгарија за да се приклучи на селекцијата. Најверојатно ќе биде спремен за вториот меч во групата против Црна Гора. Вечерва отвораме против стар познаник.

Како Македонија ја билда атмосферата пред мечот со Словенија

Ситно броиме до стартот на првиот меч на македонската ракометна репрезентација на ЕП 2022. Играме во арената Феникс во Дебрецин со почеток од 18 часот. Кире и другарите се мотивираат јако, со патриотски песни додека прават склекови. Напред момци.

Одлични вести за Македонија, Митревски е негативен

На денот на одигрување на првиот натпревар на ЕП против Словенија, голманот Никола Митревски има негативен тест на коронавирус. Се чека дозвола од ЕХФ.

Смешка на колото на англиски трибини

Навивач на Манчестер Сити ја добива наградата за цар на колото. Пред мечот од ФА Купот со Свиндон Таун на гости, навивачот се симнува кон теренот и буцка еден новинар во грб. Пишувало Press па си реков да стиснам.

Од играње на влажни бетони до најдобар десен бек во светот: Последниот танц на балканската икона

Со 12 големи натпреварувања, 232 одиграни натпревари, 1.709 голови, како и прв ракометар во историјата кој станал најдобар стрелец и на ЕП и на СП, Кирил Лазаров ќе стави точка на репрезентативната кариера на Европско првенство во Унгарија и Словачка и ќе започне ново поглавје во репрезентацијата на Македонија.

Рулетот на Менди пред свој гол

Дваесет и шест годишниот репрезентативец на Франција игра одлично под водство на Анчелоти. На големото дерби со Барса во полуфинале од шпанскиот Суперкуп беше еден од најдобрите на теренот. Играше со таква самодоверба што во еден момент направил ролинг во својот казнен простор пред свој гол.