
Таму каде што е ракометната репрезентација на Македонија, таму се и нашите навивачи без разлика на далечината и лудото време во кое живееме.
Големата поддршка и репортоарот на песни и скандирања се слушаше силно и за време на преносот од мечот.
Наш човек ни ја долови атмосферата од Феникс арената и ни пиша дека синоќа во Дебрецин било -12 степени.
Вели дека се во бројка од околу 600 до 700 навивачи. Ковид протоколите се почитуваат целосно и доколку некој ја вади маската, следува веднаш опомена од редарите.