Турчинот Атаман направи скандал во салата на Барселона

Во текот на третиот период од дербито во Евролигата меѓу Барселона и Ефес, гостинскиот тренер Ергин Атаман доби исклучување од судиите ама долго време одбиваше да го напушти теренот. Прво се расправаше со судиите па со цела сала. Им го покажуваше пехарот кој лани Ефес го освои токму против Барса во големото финале.

Барса на крај славеше 82-77 и по вторпат го совлада европскиот првак од минатата сезона Анадолу Ефес. Најефикасени беа Јокубаитис со 16 и Никола Миротиќ со 15 поени. Василије Мициќ и Шејн Ларкин кај Ефес заедно уфрлија 35 поени.

14 јануари 2022 - 08:07