Голем ракометен празник во најава, Македонија ќе се кандидира за домаќин на ЕП
19 јуни 2025
- Претседателот на Ракометната федерација на Словенија, Бор Розман, најави дека неговата земја заедно со Македонија и со Србија се во преговори за поднесување заедничка кандидатура за организирање на Европското првенство 2034 година.
- Според првичните најави, Македонија би била домаќин на група во првата фаза, како и на натпреварите од вториот сегмент.
- Словенците би организирале натпревари од двете фази, како и од полуфиналето, додека во Србија би се играла завршницата на шампионатот поради капацитетот на салата.
- Македонија досега беше домаќин на женско ЕП 2008 самостојно и заеднички со Црна Гора и Словенија на ЕП 2022.