Еден е Столе Стоилов

Легендарниот капитен на Вардар 1961 и двократен европски шампион синоќа на мечот со Словенија во рамките од 1. коло од групата А на Европското првенство се искачи на првото место на една вредна листа.

Кружниот напаѓач (34) кој повеќе од една деценија е македонски репрезентативец и неуморно ги брани боите на државниот тим, синоќа го одигра 29. натпревар на Европските првенства.

Со тоа Стојанче Стоилов стана број 1 на оваа листа со настапи на Европски првенства. Досега беше израмнет со ветеранот и негов соиграч од Вардар Борко Ристовски и крилото Дејан Манасков кои имаат по 28 меча на ЕП.

Интересно во најредовните 5 Кире Лазаров е на трето место со 27 и за жал нашата икона нема да може да го подобри овој учинок на Европското во Унгарија и Словачка поради повреда.

Филип Миркуловски има 26 меча на континенталните собири, а тој играше и синоќа против Словенија и се очекува да игра на следните два меча против Црна Гора и Данска. Помошникот на селекторот Лазаров, Ацо Јоновски има 25 средби на Европските првенства.

Македонската репрезентација го загуби првиот меч во својата група од Словенија. Денес нашите одмораат а веќе во сабота од 18 часот ќе одат на прва победа, против Црна Гора.

14 јануари 2022 - 12:00